Спорт
НБА лига: Стартни триумфи за Атланта, Мемфис и Феникс во плеј-оф

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ со 18 поени ја предводеше Атланта во победа со 107-105 во премиерниот меч против Њујорк Никс од плеј-офот на Истокот во НБА лигата. Српскиот ас придодаде уште 4 скока и по две асистенции, односно украдени топки во својот дебитантски настап во еден плај-оф меч.
Подобар од него кај Хоукси беше Јанг со 32 поени и 10 асистенции.
Кај Никси се истакна Буркс со 27 поени, а го следеа Роуз со 17, односно Рендл со 15.
Кошаркарите на Феникс на свој паркет беа подобри од ЛА Лејкерс со 99-90 во првиот меч од Западната конференција.
Избраниците на Монти Вилијамс одиграа одлично под двата коша против бранителот на титулата. Се истакна Дејвин Букер со 34 поени, а помош имаше од одличниот Ејтони кој освен 21 поен имаше и 16 скока.
Кај „Езерџиите“ Леброн Џејмс броеше до 18, Шредер до 14, а Ентони Дејвис мечот го заврши со скромни 13 поени.
Мемфис Гризлис како гости славеа против Јута со 112-109 во првиот меч на Западот.
Брукс беше предводникот на Гризлис со 31 поен, а Морент запиша 26 поени.
Кај Џезерите Бојан Богдановиќ имаше 29, а Конли 22 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Драгиќ исфрлен од репрезентацијата на Словенија

„Бура“ ја зафати словенечката кошаркарска репрезентација пред Евробаскетот, по одлуката на селекторот, искусниот Зоран Драгиќ да патува на континенталното натпреварување.
Селекторот Александар Секулиќ му се заблагодари на Жига Данеу за соработката, но и на Драгиќ, кој мислеше дека ќе се збогува со репрезентацијата веднаш по Европското првенство.
Во меѓувреме се јави неговата сопруга Светлана, која вели дека Зоран сам ја напуштил репрезентацијата.
„Зоки сам ја напуштил репрезентацијата и со тоа веројатно му ги олеснил работите на дотичниот господин, кој не знаел како да го избрка од репрезентацијата“, напиша Светлана.
Наводно, конфликтот се случил по поразот на Словенија во Германија, кога Драгиќ одиграл само три минути.
Секулиќ верува дека Драгиќ не може да ѝ помогне на репрезентацијата, додека во исто време се шпекулира дека Федерацијата е во конфликт со неговиот брат, Горан.
„Во секој случај, младите заслужуваат шанса и можност да играат, а им посакувам на другите долгогодишни членови да го завршат своето репрезентативно патување на достоинствен начин, со барем малку благодарност од челниците на Федерацијата“, додаде сопругата на Зоран Драгиќ.
На Евробаскетот (27 август – 14 септември), Словенија ќе игра во групата Д во Катовице со домаќините Полска, Франција, Белгија, Исланд и Израел.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ливерпул има нова цел, талентираниот дефанзивец на Парма

Шампионот на Англија, Ливерпул се уште не го завршил преодниот рок. Клубот досега потроши 300.000.000 евра на засилувања, а до рајот на трансфер пазарот ќе се обидат да ја засили одбраната. На радарот на ливерпул е талентираниот дефанзивец на Парма, Џовани Леони.
Трансфер инсајдерите, Џанлука Ди Марцио и Фабрицио Романо, тврдат дека 18-годишниот играч на Парма веднаш ја прифатил понудата на „црвените“.
Тимот од „Енфилд“ сега треба да ги започне преговорите со Парма, која ја проценува вредноста на својот талентиран стопер на 30.000.000 евра.
Тоа е десетина од сумата што Ливерпул ја потроши ова лето за доаѓањето на Флоријан Вирц, Уго Екитике, Милош Керкез и Џереми Фримпонг.
Клубот од Емилија-Ромања нема да има ништо против брзо да оствари огромен профит благодарение на својот бисер, кој брзо напредува откако се проби во првиот тим, и се чини дека дури и шесткратниот европски шампион нема да има проблем со издвојувањето на потребната сума пари.
Во претходната сезона, Леони играше 17 пати во Серија А, од кои во 14 пати беше во почетниот состав. Тој се етаблираше како играч од првиот тим на стадионот „Енио Тардини“ во јануари оваа година и даде значаен придонес за опстанокот на Парма во Серија А.
Спорт
Едерсон се сели во Галатасарај, Сити ќе го ангажира Донарума

Голманска вртелешка се подготвува во финишот на летниот преоден рок. Бразилскиот голман Едерсон (31) е на прагот да се пресели во Галатасарај, што значи дека на неговото место ќе дојде Џиџи Донарума кој е пречкртан во ПСЖ: .
Едерсон се договорил со актуелниот шампион на Турција. Ќе потпише договор до 2028 година, со плата од 7.000.000 евра годишно, со бонуси, тврди италијанскиот инсајдер Николо Скира, без да наведе колкава сума Сити ќе заработи од трансферот на Бразилецот.
Со доведувањето на Едерсон, Галатасарај ќе го комплетира неверојатниот преоден рок, во кој, меѓу другите, успеаја да ги купат Виктор Осимене и Лерој Сане.
Заминувањето на долгогодишниот прв чувар на мрежата од Сити може да значи само едно, дека Донарума ќе слета на „Етихад“.
Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN