Спорт
Луис Енрике не го планира Рамос за ЕУРО 2020
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике го објави списокот на фудбалери кои ќе ги води на Европското првенство што започнува на 11. мдниот месец.
Она што прво „паѓа в очи“ е што на списокот го нема долгогодишниот капитен Серхио Рамос, но и фактот што Енрике за континенталниот собир смета на 24 фудбалери иако дозволено е пријавување на 26 играчи.
Првпат ви историјата на „Фуријата“ во национаниот тим ќе нема ниту еден играч на Реал Мадрид.
Од голмани тука се: Давид де Хеа, Унаи Симон и чуварот на мрежата на Брајтон, Роберт Санчез.
Во одбраната ќе бидат: Жорди Алба, Хосе Гаја, Емерик Лапорт, Пау Торез, Ерик Гарсија, Цезар Аспиликуета и Диего Љоренте.
Во средниот ред селекторот ќе смета на: Маркос Љоренте, Бускетц, Родри, Коке, Тијаго Алкантара, Фабијан Руиз, Дани Олмо и Педри.
Нападот на „Фуријата“ ќе го предводат: Феран Торез, Адама Траоре, Џерард Морено, Микел Ојарзабал, Пабло Сарабиа и Алваро Мората.
Шпанија на ЕП е во групата Е заедно со Полска, Шведска и Словачка.
#Euro2020⚽️?? Pues aquí tienes, Luis Enrique, míster de la @SeFutbol, da la lista de 24 jugadores que nos defenderán en la Eurocopa. ¡Vamos España! ? pic.twitter.com/sd0GvZ9H1b
— MARCA (@marca) May 24, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Спортистка му напиша на професорот зошто не ја предала задачата: „На Олимпијада сум“
Канадската спортиска во уметничко лизгање, Маделин Шизас, која настапува на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, побарала од професорот по социологија да ѝ го продолжи рокот за домашна задача – со „најдобрата можно изговор“: „На Олимпијада сум!“
На Инстаграм објави скриншот од мејлот што го пратила, со линк за доказ дека е дел од Олимписките игри, и коментар: „LOLLLL, обожавам да бидам студентка-спортист“.

„Професорот сè уште не ми одговори, ама сабота е“, изјавила таа за CBC. И додала: „Искрено, не мислев дека ова ќе стане вирално. Само ми беше смешно.“
Иако признава дека „имала цел ден слободен до 17 часот“, сепак не ја напишала задачата. „Се насобраа обврски“, вели таа.
Шизас има 22 години, студира на Универзитетот МекМастер, и веќе има искуство од Олимпијадата во Пекинг 2022, каде што заврши 18-та во индивидуалната конкуренција.

