Црна хроника
Кривични пријави против 29 лица од акцијата „Фаланга“

Полицијата поднесе кривични пријави против 29 лица кои беа вчера приведени во полициската акција „Фаланга“, соопшти во петок Министерството за внатрешни работи
Повеќе три илјади монети, повеќе од 20 различни фигури изработени од камен, бронза, бакар, мермер и голем број на керамички, бакарни и месингови садови, над 16 парчиња накит, метални секири, икони пронајде полицијата во домовите на групата која ископувале на археолошки локалитети низ Македонија и нелегално се стекнувала со профит од ископаните дела.Од првичниот увид стручните лица констатираа дека се работи за вреден археолошки и етнолошки материјал кои потекнуваат од осми век пред н.е. до 12 век. Велат дека вредноста на културното богатство не се проценува, но овие предмети вредат милиони евра.„Се работи за една исклучително голема збирка на предмети пронајдена кај осомничените од најразлични периоди на историјата, количината на пронајдени предмети и е досега најголема од ваков вид и оваа е резултат на една поголема полициска акција која ние ја спроведувавме со примена на посебни истражни мерки и процесот на документирање поврзување на настаните и секако реализацијата на полициската акција траеше речиси 12 месеци“ изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.Според МВР групата работела организирано и била запозната со археолошките локалитети во Македонија.„Од собраните податоци евидентно е дека најголем дел од лицата работеле организирано.За начинот на кој ги извршувале кривичните дела сведочат и предметите кои беа пронајдени во нивните домови. Во нивните домови биле пронајдени топографски карти, стручна литература, апарати, односно различни типови на детектори кои има помагале на дивите копачи во прецизно утврдување на локациите каде што предметите биле закопани“ додава Јанкулоска.Во касарната Ѓорче Петров каде беа изложени предметите беше и министерката за култура, Елизабета Канческа – Милевска.Во акцијата „Фаланга“ вчера беа приведени 48 лица од осум градови во Македонија, меѓу кои Прилеп, Штип, Струмица, Неготино. Беа уапсени полицајци, бизнисмени, директори, општински советници кои организирано шверцувале културно наследство и профитирале од овој нелегален бизнис.Денеска беа изведени пред истражен судија во основниот суд во Скопје. Адвокатите на некои од обвинетите тврдат дека приведените немале врска меѓу себе и дека воопшто не се познавале.Ископувале на археолошките локалитети Исар Марвинци, Мариово, Вранче, Чепигово. Предметите биле наменети биле за на пазарот на Грција, Италија, Австрија. Се проценува дека на територијата во Македонија има околу пет илајди археолошки локалитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 18-годишен скопјанец, при претрес во домот пронајдена дрога

Полицијата вчера вечер, на подрачјето на општина Аеродром, го уапси Х.В.(18) од Скопје.
Според информациите на МВР, при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприц исполнет со течност.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.