Економија
Халкбанк: Славиме 10 успешни години на македонскиот пазар и целиме кон уште посветла заедничка иднина
Успешната приказна на брендот Халкбанк АД Скопје, која започна на нашиот пазар пред 10 години, уште од првиот ден во центарот на своето работење ги става луѓето. Важноста на луѓето како основно јадро во целокупното дејствување, но и во значењето на името на банката продолжува и натаму.
Во годината во која го одбележува овој значаен јубилеј, Халкбанк повторно го насочува вниманието кон луѓето, овој пат претставени преку десет херои од нашето општество што со своите ентузијазам, мотивација, храброст, дејствување, успех и верба во себе успешно чекорат по патот кон остварувањето на своите соништа.
Кампањата со која банката го прославува својот роденден на македонскиот пазар, како носечка порака ја има довербата во луѓето и во иднината, изразени преку охрабрувачкиот слоган „Иднината е светла“ и промовирањето и поддршката на 10-те централни ликови во кампањата.
Марко, Илина, Фејми, Лина, Александра, Ката, Јована, Софија, Горјан и Дрита се главните протагонисти што во оваа пригода ја раскажуваат својата приказна. Тие, всушност, симболично ги претставуваат и вредностите и верувањата зад кои стои Халкбанк како бренд.
„Можеби малку невообичаено славиме 10-годишен јубилеј на овој пазар, но наместо да се осврнуваме кон тоа што сè направивме, развивме и постигнавме во изминатите години, ние фокусот за јубилејот го насочивме кон славење на ЛУЃЕТО и на нивните достигнувања. Избравме десетмина вистински ХЕРОИ, кои доаѓаат од различни области значајни за нашето општество: спортот, екологијата, културата, иновациите, општествениот активизам, претприемништвото и едукацијата, а кои на некој начин се репрезент и за нашето дејствување и за вредностите што ги одржуваме во корпоративната култура. Сакаме да истакнеме дека постоиме, работиме и растеме заедно со луѓето околу нас. Кампањата го сублимира сето она зад кое стоиме уште од почетокот на нашето дејствување во Македонија – ние сме финансиска институција водена од луѓе за луѓето, институција што во средиштето на своето работење нè има сите нас, нашите потреби и желби, како и добросостојбата на окружувањето и општеството во кое живееме. Само така може да обезбедиме одржлива иднина за нас и за средината во која дејствуваме“, изјави Главниот извршен директор на Халкбанк АД Скопје, Билал Суџубаши.
Халкбанк најавува многубројни активности како дел од кампањата „Иднината е светла“.
Преку нив ќе имаме можност подобро да ги запознаеме десеттемина носители на кампањата, да дознаеме што е она што нив ги мотивирало за да ги постигнат исклучителните успеси и што ќе ги мотивира и натаму.
Освен ТВ-рекламата, подготвен е и серијал од видеа со секој од протагонистите, интервјуа, како и разни активности на социјалните мрежи.
Преку нив, банката ќе се обиде и да ја инспирира, да ја охрабри и да ја мотивира јавноста да презема слични позитивни движења за заедничка подобра иднина.
Следува кратко претставување на хероите што се дел од кампањата на Халкбанк:
Марко Пејчиновски – познат како чудото од дете, кое го преплива Охридското Езеро во 2018 година.
Илина Арсова – уметница и планинарка, која успеа да се искачи и на врвот Монт Еверест.
Фејми Даут – наградениот и признаен на светско ниво директор на фотографија на филмот „Медена земја“.
Лина Ѓорческа – најуспешната тенисерка во земјата, која настапува и постигнува резултати на светските турнири.
Александра Блажевска – наставничка во основно училиште прогласена за наставничка на годината.
Катарина (Ката) Георгиевска – сопственик на ранч и активист за развој на руралниот туризам.
Јована Трајчева – млада и успешна пијанистка.
Софија Дацева – млада иноваторка, добитничка на наградата „Зелена идеја“.
Горјан Јовановски – еко-активист, иноватор и креатор на апликацијата „Мој воздух“.
Дрита Ислами – една од најдобрите олимпски атлетичарки во земјата.
Следете ги нивните инспиративни приказни преточени во кампањата на Халкбанк АД Скопје и уживајте.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска: Вложувањето во знаење е најсилната енергетска инвестиција – врачени сертификати на 90 професионалци во Project Management и Energy Trading”
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес свечено им ги врачи сертификатите на учесниците кои успешно ги завршија двете специјализирани обуки – Project Management и Energy Trading, реализирани со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).
Преку овие програми, повеќе од 90 експерти од енергетскиот сектор стекнаа нови знаења и практични вештини во областа на управувањето со проекти, тргувањето со електрична енергија и оптимизацијата на цените – компетенции кои се клучни за понатамошниот развој на модерниот и конкурентен енергетски пазар.
Во своето обраќање, Божиновска истакна дека инвестицијата во знаење е најсилната инвестиција што може да ја направиме – не само во институциите, туку и во заедничката иднина.
„ Секое ново стекнато знаење, секоја нова вештина, значи посилен систем, посигурен енергетски пазар и поголема отпорност на предизвиците што ги носи транзицијата кон одржлива енергија,“ рече Божиновска.
Таа додаде дека обуките што ги поддржа ЕБРД се доказ дека вложувањето во луѓето е предуслов за стабилен и модерен енергетски сектор, нагласувајќи дека Министерството ќе продолжи со создавање можности за стручно усовршување и развој на домашните кадри.
„ Ќе продолжиме да инвестираме во знаењето, затоа што само така можеме да создадеме систем кој не зависи од поединци, туку од заеднички развиени капацитети, визија и професионализам,“ порача министерката.
На настанот присуствуваа претставници на ЕБРД, како и учесници од јавниот и приватниот енергетски сектор. Церемонијата се одржа во позитивна и инспиративна атмосфера, во знак на заедничката посветеност кон градење на експертски и компетентен кадар кој ќе го движи македонскиот енергетски сектор напред.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,057 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,010 ден/кг и сега ќе изнесува 36,057 ден/кг.
Економија
Страшно добра понуда од Минт кредит!
Време е за нови можности и храбри одлуки – затоа што оваа есен носи страшно добра понуда од Минт Кредит! Аплицирај онлајн за Минт Кредит до 300.000 денари и добиј финансиска поддршка токму кога ти треба, лесно и брзо со:
· -30% помали трошоци до 31.10.2025.
· Инстант одобрување за само 10 минути.
· Брз, сигурен и транспарентен процес целосно онлајн, телефонски или во една од нашите канцеларии.
Искористи ја оваа промотивна акција и добиј можност да ги оствариш своите планови без финансиски притисок. Пoпустот трае до 31.10.2025 за Минт Кредит до 300.000 мкд. Побрзај – страшно добрите понуди не траат вечно!
Аплицирај уште денес и откриј колку лесно може да биде кога си со Минт Кредит, повеќе флексибилност, помалку трошоци.
За повеќе информации контактирај не на 15 107, преку веб-страната Минт Кредит, или во една од нашите канцеларии.
(ПР)

