Црна хроника
Сопружници во Кисела Вода нападнати по сообраќајна несреќа

Сопружници во Кисела Вода биле нападнати по сообраќајна несреќа.
Според информациите на МВР, вчера С.Б.(46) од Скопје пријавил дека околу 19 часот во Кисела Вода, тој и неговата сопруга Д.Б.(45) од Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода, биле физички нападнати од А.М.(39) од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Жена во Синичане нападната од мечка

Мечка нападна жена во селото Синичане.
Според информациите на МВР, вчера околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од с.Синичане.
Според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот кога на шумски пат на место викано „Голем рид“ во с.Синичане била нападната од мечка.
Црна хроника
Битолчанка лажно се претставила дека работи во МВР и понудила вработување за 22.500 евра: поднесена кривична

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против 43-годишната М.Л. од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ.
Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки.
Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22 500 евра, извести МВР.
Црна хроника
Приведен 28-годишник од Крушево: возел пијан

Денеска во 00.45 часот на улицата „Битолска” во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода 28-годишниот Д.Ц. од Крушево.
При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Д.Ц. управувал патничко моторно возило „мерцедес” со крушевски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,94 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.