Економија
(Видео) Марковска: Работодавците да аплицираат за мерките од Оперативниот план за вработување

Според пратеничката од СДСМ, Даниела Марковска, Владата продолжува со реализација на мерките што имаат цел намалување на невработеноста и санирање на последиците од корона-кризата врз економијата.
Марковска потсети дека повторно се објавени јавните повици за најатрактивните програми и мерки од Оперативниот план за вработување за 2021 година за кои граѓаните во изминатиот период покажаа најголем интерес.
„Граѓаните и работодавците имаат уште една дополнителна шанса да аплицираат за програмата ‘Самовработување’, мерката ‘Субвенционирање’, мерката ‘Практиканство’, мерката ‘Обука на работно место кај познат работодавец’, како и мерката ‘Јавни работи’. Мерките од Оперативниот план обезбедуваат поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, особено на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош“, истакна пратеничката од СДСМ.
Таа додаде дека првпат е објавен и јавен оглас за обуките за развој на дигитални вештини, кои ќе опфатат 400 невработени лица и ќе ги надградат нивните вештини, што ќе значи и зголемување на нивната конкурентност и побрза интеграција на пазарот на трудот.
Јавните огласи, како што беше соопштено, се отворени до 28 мај, а граѓаните, невработените лица и работодавците ќе имаат можност да конкурираат во 30-те центри за вработување во државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски предлага пет различни потрошувачки кошнички: Не се исти потребите на еден пар пензионери и на еден млад брачен пар

На првата седница Економско-социјалниот совет во кој ќе членуваат претставници на сите синдикати, ќе се разгледува нов начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка. Премиерот Христијан Мицкоски денес каже дека место досегашната пресметка на минималните трошоци за четиричлено семејство, тоа дека се прави за пет различни видови домаќинства.
„Претставниците на синдикатите, на работодавачите и на Владата на таа седница ќе разговараат и за потрошувачката кошничка која мислам дека треба да биде поделена во пет сегменти: потрошувачка кошничка за самец, потрошувачка кошничка за млад брачен пар, за тричлено семејство, за четиричлено семејство и потрошувачка кошничка за пензионери. Мислам дека во иднина треба да опфатиме анализа на пет потрошувачки кошнички затоа што потребите на луѓето се според возраста, се разбира, но исто така и потребите на луѓето се во зависност од бројноста, како е сочинета една заедница. Ова ќе биде мој предлог кој што сум го разговарал со академската фела и ова е предлог што сум го добил од таму у мислам дека е добар за разгледување и за дебата на тој Економско – социјален совет. Да имаме неколку потрошувачки кошнички бидејќи потребите на еден пар пензионери не се исти како на еден млад брачен пар или пак тричлено и четиричлено семејство или, пак, на самец“, рече премиерот Мицкоски.
Тој кажа дека е веќе завршен процесот на утврдување репрезентативност на синдикатите, пречка поради која не можеше да се одржи ниту седницата на која требаше да се разговара за барањето на синдикатот минимална тапата да биде 500 ерва. Премиерот очекува седницата на Економско – социјалниот совет да биде закажана во најскоро време.
Економија
Дурмиши-Џабаров: средбата е мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот

Министерот за економија Бесар Дурмиши, денеска оствари средба со официјална делегација од Република Азербејџан, предводена од министерот за економија Микаил Џабаров по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.
„Вашата посета денес не е само дипломатски гест, туку симболичен и суштински момент. Оваа годишнина е повод за сеќавање, но и можност за визија, да ја зацврстиме и продлабочиме нашата економска и стратешка соработка,“ истакна Дурмиши.
Во рамките на разговорите беше потенциран и интересот за соработка во рамки на енергетиката, земјоделството, туризмот, фармацијата, инфраструктурата и инвестициите во мали и средни претпријатија.
Дурмиши порача дека денешната средба претставува мост кон јужниот гасен коридор, кон пазарите во Кавказот и кон една заедничка, стабилна и економски поврзана иднина.
„Убеден сум дека ова е само почеток на едно ново, посилно партнерство,“ заклучи Дурмиши.
Економија
Oхрабрува растот на извозот на земјоделски производи во првите 5 месеци, оценува Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека според податоците на Државниот завод за статистика забележан е нагорен тренд на извозот на земјоделските производи и како Владата ќе ги задржи овие параметри на среден и на долг рок, изјави:
„Точно е тоа, имаме раст на извозот во првите пет месеци, од речиси шеесетина, близу седумдесет проценти, што е добро, охрабрувачки за земјоделците. Добро е и за државата, бидејќи e помал дефицит што се однесува до увозот на храна.
Нашиот фокус како Влада е да ги помагаме земјоделците, тие да произведуваат за да може и да извезуваат, но и да ги задоволат трпезите на македонските граѓани. Така ќе продолжиме и во иднина, со тоа што планираме тој систем на субвенционирање да биде насочен кон вистинските земјоделци. Кон оние коишто вистински произведуваат, а не кон оние малкумина коишто се обидуваат на грбот на земјоделците да профитираат. Така функциониравме и до сега, така ќе продолжиме да функционираме и понатаму.“