Македонија
Нови 33 заболени и 11 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 13, Куманово – 4, Тетово, Охрид и Кичево – по 3, Прилеп и Радовиш – по 2, Битола, Штип и Дебар – по 1.
Регистрирани се 92 оздравени пациент од:
Охрид – 41, Скопје – 15, Струга – 13, Куманово – 6, Битола – 5, Гостивар – 3, Кочани – 2, Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64г,77г,77г,77г,92г) и по едно лице од Виница (79г), Куманово (80г), Неготино (74г), Струмица (69г) и Тетово (76г).
Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 9 во болнички услови.
Направени се 3.777 тестови преку: ИЈЗ-432, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–17,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–68, МАНУ-47, Жан Митрев (Филип Втори)-224, Авицена-303, Биотек-469, Систина-184, лабораторија Лаор-557, Синлаб-96, Ремедика-92, Плодност–46, Генеа–56, Никоб лаб-48, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 916.
Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68493, Активни 971
Куманово 8823, Активни 228
Прилеп 8300, Активни 97
Тетово 7212, Активни 99
Битола 6291, Активни 165
Велес 5468, Активни 61
Гостивар 5171, Активни 42
Кавадарци 5151, Активни 27
Охрид 5000, Активни 145
Штип 4959, Активни 40
Струмица 4109, Активни 54
Струга 2980, Активни 51
Кочани 2787, Активни 34
Кичево 2562, Активни 73
Гевгелија 2191, Активни 25
Неготино 2183, Активни 17
Свети Николе 1522, Активни 29
Ресен 1234, Активни 31
Крива Паланка 1219, Активни 6
Радовиш 1158, Активни 48
Берово 1029, Активни 3
Делчево 971, Активни 23
Дебар 940, Активни 1
Виница 881, Активни 34
Пробиштип 789, Активни 5
Валандово 666, Активни 3
Богданци 494, Активни 3
Крушево 489, Активни 16
Демир Хисар 397, Активни 16
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 373, Активни 13
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 1
Македонска Каменица 249, Активни 11
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Костова: Бројот на работници во индустријата намален за 2,6 процента, лоши политики на Мицкоски и ДПМНЕ

Во кругот фабрики во Штип, пред само неколку дена ѝ беше ставен клуч на уште една фабрика, чии работници останаа без плата, без здравствено и пензиско осигурување, без социјална безбедност.
Со Мицкоски и ДПМНЕ, фабричките погони се празнат и затвораат, работниците остануваат на улица, вели Кристина Костова, потпретседателкта на СДСМ.
„Индустриското производство паѓа, а за една година бројот на работници во индустријата е намален за 2,6 проценти. Ова е резултатот на лошите економски политики на Владата на Мицкоски и ДПМНЕ. Со овој податок јасно се потврдува дека и индустријата е во лоша состојба. Најсилен удар има во преработувачката индустрија, пад од 2,7 проценти, во рударството пад од 1,7, во енергетиката пад од 0,6. Странските инвестиции се преполовени за само една година.
Од јануари до август падот на бројноста изнесува 3,8 проценти“.
Овој пад, според неа е директен резултат на лошите економски политики на Владата на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ.
Оценува дека без план за индустријата, без предвидливост и без сериозна поддршка за инвестициите и индустријата, економијата и натаму ќе биде во ризик.
Но, ова, според неа, не е единствен проблем во економијата.
„Нема реално зголемување на платите. На хартија нешто се менува, ама во паричникот ништо. Инфлацијата го јаде секој денар, стандардот паѓа, кошницата поскапува, а Владата не убедува дека сме биле четврта или шеста економија во Европа. Нема контрола на цените. Основните продукти се недостапни за илјадници семејства, маржите не се контролирани, инспекциите молчат. Економијата стагнира. Падот кај капиталните производи е 7,1 процент, што значи стопирани инвестиции и одложени набавки на машини. Тоа е јасен знак дека индустријата нема доверба во насоката на Владата. Енергетската политика е хаотична. Сметките за струја останаа високи, договорите непредвидливи, компаниите ја губат конкурентноста. Во вакви услови нема нови работни места, има само отпуштања“.
Како што вели таа аминистрацијата е партизирана, процедурите се бавни, повратот на ДДВ касни, извозниците чекаат. Кога државата кочи, економијата не може да оди напред.
Порача дека ова е владин неуспех.
СДСМ, подвлече таа, бара веднаш, план за стабилизирање на индустријата и стандардот. „Итни мерки за предвидливи енергетски договори за индустријата, зајакната контрола на цените во основната кошница, реален социјален дијалог за плати што ќе ја победат инфлацијата, деблокада на капиталните инвестиции и партнерство со извозниците“.
Македонија
Муцунски – Странд: посочена важноста од поголема динамика во процесот на интеграцијата на земјите од регионот во ЕУ

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој престојува во работна посета на земјава.
Разговорите беа посветени на актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската унија и перспективите во пристапниот процес. Министерот Муцунски ја реафирмираше цврстата посветеност за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди. Тој истакна дека државата останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува кон регионалната стабилност и соработка.
Муцунски посочи и на важноста од поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Финска.
Двајцата министри разговараа и за билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес.
Македонија
Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – имунизацијата ќе почне во втората половина на месецот

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип.
Во текот на следната недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов, соопштуваат од министерството.
„Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија.
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.
Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми и компликации, особено кај ризичните групи“.