Контакт

Вести

Медиуми: Еден од ‘битлсите’ е џелатот на новинарот Фоли

Објавено пред

Раперот, хакерот и врбувачот на терористи познати како The Betales, останува само уште да се дознае кој од овие тројцата е „Џон“ којшто со сопствени раце пред камерата во името на џихадистичката групација Исламска држава го обезглави американскиот новинар на агенцијата AFP Џејмс Фоли, пишуваат во саботата британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Претходно седмицава милитантите од сунитската џихадистичка група Исламска држава, на интернет поставија видео материјал на кое маскиран припадник на движењето врши свирепа егзекуција на 40-годишниот американски новинар Џејмс Фоли грабнат на 22-ри ноември 2012 година во Сирија во близина на границата со Турција. Џихадистот на снимката им се обраќа на САД и вели дека тоа е одмазда на воздушните удари врз позициите на групата во Ирак. Разузнавачките агенции анализирајќи ја автентичноста на снимката со помош на експертите за лингвистика дојдоа до заклучокот дека припадникот на Исламската држава кој се претстави како „Џон“ заканата ја изрекува на англиски јазик со специфичен акцент што покажува дека тој е роден во Лондон или во југоисточна Англија. Претходно седмицава оваа информација ја потврди и британскиот премиер Дејвид Камерон.Според податоците на американското Федерално биро за истраги (FBI) и британските MI5 и Скотланд јард, коишто ја водат истрагата, џелатот на Фоли припаѓа на тројката терористи од британско потекло, коишто себеси се нарекуваат „The Beatles“, пишува весникот The Daily Mail. Тројката којашто е вклучена на листата осомничени, имаат сличен глас и акцент, раст и други препознатливи белези, според кои се трага по „Џон“. Сите тие имаат нешто повеќе од 20 години, и исто така сите тие, според разузнавачките служби, се борци на Исламската држава.Најмногу веројатност дека е извршителот на снимката се дава за 23-годишно момче по име Абдул-Маџид Абдел Бари. Тој порано работел како музичар, рап изведувач, чија музика често била емитувана на британското Radio 1. Бари го напуштил својот дом во западен Лондон во вредност од милион фунти, изјавувајќи дека „остава сѐ поради Алах“. Потоа тој повеќепати на Twitter објавувал за своите „воени подвизи“. На микроблогот објавил и своја фотографија на којашто во рацете држи отсечена глава на сириски војник.Печатената верзија на британскиот дневен весник The Sun објави дека според експерти гласот и говорот карактеристични за изразот на Бари практично целосно се совпаѓаат со гласот на мажот кој го обезглави Фоли. Според оперативните разузнавачки сознанија, тој е во моментов лидер на британското џихадистичко трио „The Beatles“ кое исто така се нарекуваат и „Лавови“.Вториот осомничен е Абу Хусеин ал-Британи, со вистинско им Џунаид Хусеин, кој потекнува од англискиот град Бирмингем. Во 2012 година тој бил притворен за кражба на лични информации на поранешниот британски премиер Тони Блер. Притоа бил ослободен со кауција и побегнал во Сирија. Според разузнавачите, тој им помага на џихадистите да вршат кибернетички напади врз мрежите на британските банки и политичарите. И тој на интернет објавувал фотографии на кои е вооружен со „калашников“.Третиот осомничен е Абу Абдула ал-Британи, која активно ги користел социјалните мрежи за врбување млади лица да им пристапуваат на џихадистите. Весникот The Times пишува дека тајната британска служба MI5 дошла до него најмногу благодарејќи на информациите на интернет. Покрај тоа, специјалниот компјутерски софтвер кој го користи британското разузнавање потврдило големо ниво на веројатност дека гласот на „Џон“ е токму неговиот.Како што пишува уште The Daily Mail, британските полициски и разузнавачки служби имаат намера да направат пребарувања на домовите на неколку британски државјани, за попрецизно да се идентификуваат џихадистите. Во Велика Британија, исто така, дошла и поголема група експерти на FBI кои ќе помагаат во истрагата на британските колеги./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Друг затвореник признал дека се негови 13-те мобилни и лаптоп најдени во ќелијата на Џеваир Камбери, обвинет за „Пулс“

Тринаесетте мобилни телефони и еден лаптоп пронајдени во ќелијата на обвинетиот за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, Џеваир Камбери, не...

Свет2 часа

Посетата на Путин на Индија: Нафта, оружје и геополитичка порака до светот

Рускиот претседател Владимир Путин оди во Индија во дводневна посета, каде што се очекува да се сретне со премиерот Нарендра...

Европа3 часа

(Видео) Украинците: Го нападнавме рускиот нафтовод „Дружба“

Во понеделникот, уште една експлозија го потресе рускиот нафтовод „Дружба“, потврдија извори од украинското воено разузнавање (ХУР) за „Киев пост“....

Свет3 часа

Британците и Норвежаните потпишуваат договор: заедно ќе ги следат руските подморници

Велика Британија и Норвешка денес ќе потпишат нов договор за одбранбена соработка, планирајќи заедничко управување со флота од фрегати за...

Свет4 часа

(Видео) Се урна американски „Ф-16“

Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона,...

Свет4 часа

Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви

Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени...

Свет4 часа

Мадуро потврди дека разговарал со Трамп

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор...

Свет4 часа

ОН усвои резолуција за враќање на киднапираните украински деца: Русија и 11 други земји гласаа против

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара од Русија да обезбеди итно, безбедно и безусловно враќање...

Македонија15 часа

Куновска по оставките во СДСМ:„Сите дома, тој останува“

Поранешната пратеничка и функционерка во СДСМ, Софија Куновска, на „Фејсбук“ објави критички статус откако вчера, на барање на партискиот лидер...

Македонија17 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ние како мнозинство немаме од што да бегаме, ќе се расчистат сите прашања поврзани со трагедијата во Кочани

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека во периодот кога државата ја воделе СДСМ и ДУИ се закажувале анкетни комисии,...

Македонија20 часа

(Видео) Филипче: Посебна анкетна комисија за трагедијата во Кочани, тоа е барање на родителите

Нашиот став е дека ние ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната којашто ја предлага владеачкото мнозинство каде сакаат да...

Македонија22 часа

(Фото) Поставени дигитални уреди за мерење бучава кај кафеаните во Дебар Маало

Општина Центар започна со имплементација на паметен систем за следење на бучавата, преку поставување на дигитални индикативни уреди на местата...

Македонија23 часа

Осигурителни компании склучиле картел и се договориле да ја зголемат цената за автомобилското осигурување

Десет осигурителни компании се казнети со 17.266.930 денари затоа што се договориле да ја зголемат цената за автомобилската одговорност што секој...

Македонија23 часа

„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса

РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирањето конечна цена на водата – е пораката од тркалезната маса „Иницијатива...

Македонија24 часа

Засилени контроли на градилиштата во општина Аеродром: изречена глоба од 1.300 евра за непочитување на законот

Општина Аеродром изрече парична глоба од 1 000 евра за правно лице и 300 евра за управителот на истата фирма...

Топ24 часа

(Видео) Турканици и викање: уапсени три лица во Трново, не им дозволиле на полицајците да влезат на имотот

Полицијата уапси три лица од кривопаланечко кои попречувале полициски службеници и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство при извршување...

Свет24 часа

Висок функционер на НАТО: Путин блефира, не верувам дека е подготвен за војна со Европа

Висок функционер на НАТО верува дека рускиот претседател Владимир Путин блефира за својата подготвеност за војна против Европа. Зборувајќи со...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Колку криминални шеми имаат издејствувано Заев, Филипче и Николовски, Обвинителството да отвори постапка

„Заев му помогнал со отпишување на жито за 800.000 евра, Љупчо Николовски возвратил со грант за „Мамас“ од 1,4 милиони...

Свет1 ден

НАТО ја зголемува поддршката за Украина: пристигнува нова резерва оружје и муниција

Министрите за надворешни работи на НАТО ќе се состанат денес во Брисел за да разговараат за понатамошна поддршка за Украина,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп заспа на состанок на кабинетот откога се пофали со својата острина

На почетокот на состанокот на кабинетот во вторник, американскиот претседател Доналд Трамп не ја пропушти можноста повторно да го спомене...