Македонија
(Видео) Митева: Заев ветува инвестициски пакети кои нема никогаш да ги реализира

Заев ветува инвестициски пакети кои нема никогаш да ги реализира само за да ја дефокусира јавноста од корупциските афери кои се врзуваат за него и неговата влада, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев вчера промовираше нов пакет со стари лаги зголемен за уште милијарди евра инвестиции кои по правило остануваат на хартија. Исто како и во 2019 година кога Заев проектираше ист ваков лажен пакет инвестиции вреден 5 милијарди евра, пак ги ветуваше истите патишта, истите, енергетски проекти, болници, клинички центар, училишта, водоводи, прочистителни станици, железници. Но, во реалноста од овие работи има едно големо НИШТО поради неспособноста и неработењето“, рече таа.
Според Митева, реализацијата на капитални инвестиции од почетокот на оваа година заклучно со месец мај изнесуваат само 22%, што значи, додаде таа, дека и оваа година е уште една во низата на промашени години со катастрофално ниска реализација на проекти.
„Ова значи дека сите ветувања на Заев за инвестиции во инфраструктурата му се како лажното ветување дека ќе изгради 500 километри нов автопат. За да се обиде да биде поубедлив во лагите, Заев вчера почна да се расфрла со странски инвестиции и јавно-приватни партнерства, исто како што пред неколку години ги ветуваше инвестициите на Гугл, Фејсбук и Фолксваген. Патем изминатите години Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот“, рече Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Улици во Чаир без вода, намален притисок во Топанско Поле

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради поврзување на нова со стара постоечка водоводна мрежа на улица Кемал Сејфула бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Џон Кенеди и дел од улицата Кемал Сејфула, а со намален притисок ќе остане населбата Топанско Поле во општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Чучер Сандево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 13:00 часот, објектите на Полициската Станица и базата на БППЗ во Ѓорче Петров, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од нас. Кисела Јабука, општина Ѓорче Петров;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од селата: Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино, општина Чучер Сандево;
· од 11:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од ул. Кадињача, општина Ѓорче Петров.