Македонија
Започнуваат засилени вонредни контроли за квалитет на течните горива
Државниоот пазарен инспекторат со државната мобилна лабараторија за испитување на квалитетот на течните горива од денеска започнуваат засилени вонредни контроли на терен. Целта е преку засилени контроли да се избегнат можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во земјата.
Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со в.д директорот на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димеска информираа за резултатите од првичните контроли.
„ Одлучни сме преку засилени контроли да избегнеме можни манипулации со квалитетот на горивата кои што се користат во земјата.На тој начин не само што ќе се заштитат потрошувачите од манипулации со квалитетот на горивата, туку се заштитува животната средина. Како што кажавме и минатата недела, во моментот заедно со вицепремиеорт Николовски ги собираме сите податоци за дистрибуција на сомнителниот мазут. Крајниот рок кој што им го дадовме на сите надлежни институции е следниот вторник кога очекуваме дека ќе ги имаме сите информации за евентуалните злоупотреби со увоз на опасен мазут. За податоците ќе ја информираме јавноста, но ако не се реализирани сите процедури согласно правилникот за квалитет на течни горива и процедурите за увоз на нафтени деривати документите како што и претходно најавив ќе му ги предадеме на Јавното обвинителство“ кажа министерот Бектеши.
Тој информираше дека сите институции, почнувајќи од Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Инспекторатот за животна средина имаат обврска во роковите предвидени согласно заклучоците да ги достават сите информации.
„ Сакам да укажам дека ние како Министерство за економоија, согласно новиот Закон за енергетика сите наши правилници, посебно Правилникот за квалитет на горивата е целосно усогласен со Европската комисија и Енергетската заедница и во делот на количина на сулфур која што треба да ја содржи мазутот кој што се увзеува, но и други параметри кои што треба да ги поседуваат горивата согласно македонскиот стандард MKS X 430. Нема да има компромиси кога е во прашање здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина“ потенцираше министерот.
В.д директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска информираше дека заради потребата за утврдување на состојбата поврзана со квалитетот на горивата кои се пласираат на пазарот, денеска Државниот пазарен инспекторат со користење на мобилната лабараторија на Бирото за метролжогија започна со вондредни контроли на бензинските станици.
„ Денешните први три вондредни надзори се само почеток на вондредните инспекции кои ќе продолжат во наредниот период и ќе бидат дел од нашите приоритети, а ќе бидат спроведени на целата територија на државата. Вршењето на инспекциските надзори од страна на инспекторите на ДПИ се однесува на бензин и дизел гориво за што мобилната лабараторија е акредитирана.Во план е овие контроли со оглед на тоа што лабараторијата е мобилна да се вршат на влез на државата, на граничните премини, во соработка со Царинска управа со цел да не дозволиме да влезат горива со несодветен квалитет да влезат во државата“, кажа Димеска и потенцираше дека како институција максимално ќе бидат посветени за контрола на квалитет на течните горива кои што се користат на пазарот и граѓаните со сигурност ќе можат да сметаат дека квалитетот на горивата ќе биде највисок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДОМ: Поддршка за повисоки плати, но со одговорен и одржлив економски пристап
Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја препознава реалната состојба на ниски плати и растечка сиромаштија со која се соочуваат голем број граѓани и ја поддржува потребата од отворање сериозна јавна и институционална дебата за подобрување на животниот стандард на работниците.
Од партијата соопштија дека даваат поддршка на денешните протести и на заложбите на синдикатите за подостоинствен живот за сите работници.
Истовремено, ДОМ оценува дека прашањето за зголемување на минималната плата, вклучително и предлогот таа да изнесува 600 евра, е комплексно и треба да се базира на пресметки кои ја одразуваат состојбата на сите засегнати страни. Според партијата, потребно е внимателно да се согледаат реалните економски ефекти, можниот притисок врз работодавачите, особено малите и средни претпријатија, како и ризикот од дополнително подгревање на инфлацијата.
Во соопштението се наведува дека ова прашање ги отвора и пошироките структурни предизвици на пазарот на труд, како што се различните модели на формално пријавување со минимални примања, неусогласеноста меѓу реалната економска активност и официјално прикажаните приходи, како и други појави кои го прават системот нефункционален и социјално неправеден.
ДОМ нагласува дека ниските плати и сиромаштијата се сериозен проблем, но решенијата мора да бидат внимателно осмислени за да не се создадат дополнителни економски ризици и несигурност – и за работниците и за работодавачите.
Од партијата порачуваат дека е потребно реално, системско и социјално праведно решение, засновано на дијалог меѓу синдикатите, работодавачите и институциите, оценувајќи дека станува збор за надпартиско прашање кое не смее да биде предмет на дневно-политички препукувања, туку заедничка одговорност за обезбедување одржлив и достоинствен животен стандард за граѓаните.
Македонија
Ако не се реши проблемот со превозниците, ќе трпи цела Европа, порача Николоски од Загреб
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски порача дека доколку не се изнајде решение за проблемот со превозниците и електронската евиденција за престој и работа во шенген-зоната, тоа ќе претставува сериозен удар не само за македонската и регионалната економија, туку и за економијата во цела Европа.
Николоски денеска во рамки на работната посета на Загреб оствари средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска, на која беше потенцирана клучната улога на транспортниот сектор во развојот на регионалната економија и негативните последици што би ги имале ограничувањата во работењето на превозниците од земјите од Западен Балкан.
Според Николоски, ваквата состојба претставува сериозна закана за економската стабилност и развој доколку не се изнајде соодветно решение во рамки на Европската Унија, со што професионалните возачи нема да се третираат како туристи или мигранти, туку како професионалци кои ја извршуваат својата работа.
На средбата беше разговарано и за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји. Николоски изрази надеж дека размената ќе продолжи да расте и дека во иднина може да достигне и до една милијарда евра.
Претседателот на Стопанската комора на Хрватска, Буриловиќ, оцени дека економската соработка меѓу двете држави е добра и оти постои голем потенцијал за нејзино унапредување, особено преку директна соработка меѓу компаниите, како и преку развој на инфраструктурата, вклучително и железничката.
Македонија
Ѓорѓиевски објави видео: Скопското Кале целосно исчистено и уредено
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео на своите официјални профили на социјалните мрежи, со порака дека скопското Кале е целосно исчистено и уредено.
Преку својата изјава, градоначалникот Ѓорѓиевски истакнува дека грижата за културното наследство и јавните простори останува еден од приоритетите на Град Скопје.
Тој потенцира дека Скопското Кале, како симбол и гордост на градот, заслужува континуирано внимание, одржување и заштита, со цел да се зачува неговата историска вредност и да се обезбеди пријатна и безбедна средина за сите посетители.
Од Град Скопје велат дека и во иднина ќе продолжат со активности насочени кон унапредување, одржување и промоција на културно-историските знаменитости во главниот град.

