Македонија
(Видео) Арсовски: Фирмата „СВ Инвест“, поврзувана со случајот рекет во РЕК „Битола“, e во стечајна постапка
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, реагира за стечајната постапка на фирмата за која, како што рече, е поврзана со рекет во РЕК „Битола“.
„Фамозната фирма ‘СВ Инвест’ на Столе Чифлигароски, еден од луѓето кои со Вице Заев одземаше тендери на компании што си добиле во РЕК ‘Битола’ и праќаше луѓе со Васко Ковачевски, којшто е директор на ЕЛЕМ кај Вице да плаќаат рекет и покрај заработените милиони во ‘РЕК’ Битола“, на 22 март оваа година објавила отпочнување нстечајна постапка. Практично оди во стечај и се затвора“, информира Арсовски.
„Фирмата на која од година во година ѝ растел профитот за 50, 100 и 200 проценти, и во 2019 година заработила 2.5 милиони евра оданочени, почнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250.000 евра. Очигледно е дека сите инволвирани во криминалот сакаат оваа фирма свесно да ја затворат и да ја стават во стечај за да не ги поврзува ништо, ама баш ништо, ниту Столе ниту кој било друг, со криминалот во РЕК ‘Битола’. Но, тоа се само нивни желби и тоа не оди така“, рече Арсовски.
Според него, не може со затворањефирма да се амнестираат делата доколку ги има и доколку е направен криминал.
„Да потсетиме, Столе Чифлигароски, сопственикот на ‘СВ Инвест’ и индиректно Вице Заев, преку ‘СВ Инвест’ се обидоа да изнудат тендер, без да исполнуваат услови за да го добијат тендерот, од фирма која си го добила на јавен повик во РЕК ‘Битола’ и притоа да направат штета на компанијата на којашто ѝ го изнудиле тендерот од нешто повеќе од над половина милион евра. Дополнително, истите тие луѓе барале 250.000 евра рекет во кеш од сопствениците на компанијата да однесат во Струмица. Рекет, исто како во филмовите“, потенцира Арсовски.
За портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ останува нејасно зошто токму сега се отвора оваа стечајна постапка на фирмата „СВ Инвест“ од Битола.
„Дали тоа значи дека постои можност сопственикот на фирмата да ја напушти државата со парите што ги заработил од РЕК ‘Битола’, да избега и да не биде достапен и на располагање на органите за случајот за рекет од 250.000 евра и изнуда на тендер во РЕК ‘Битола’?“, Арсовски.
Тој побара МВР и ЈО да преземат мерки, да го отворат случајот и да ги обезбедат на каков било начин сите инволвирани.
Во спротивно, рече Арсовски, институциите им помагаат на сите инволвирани да го заштитат криминалот и да ги изнесат парите надвор од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните, велат од СДСМ
„Антилогика – ЗНАМ го напаѓа СДСМ затоа што Максим Димитриевски призна дека не живее од плата.
Па СДСМ само ја објави вистината, не може да им бидеме криви ние за признанието на Максим.
Никој во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не живее од плата туку на грбот на граѓаните.
Тоа веќе сите го знаат“, велат од СДСМ.
Според опозициската партија, со ваквата политика, како што велат, сè да биде приватен бизнис на тендер коалицијата, веќе недостигаат две милијарди евра.
„Што се однесува на времето на ковид кризата државата се задолжуваше за да им помогне на граѓаните, бидејќи СДСМ и тогаш и сега, се грижи за граѓаните. За разлика од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои се луксузираат на грбот на народот и вратат тендери.
Таков е примерот со тендерот од 1,2 милиони евра Пошта, за фирмата блиска до ЗНАМ. Додека вработените во Пошта со месеци им доцнат платите.
Работниците да гладуваат, а тие да живеат во луксуз. Така е составен и буџетот, само за нивните потреби“.
Македонија
Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови,по претежно влажни коловози.
Врнежи од снег на Попова Шапка со задржување на коловоз од с.Лисец-Попов Шапка.
Намалена видливост поради појава на магла до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино кај Серта, во Крушво до 50 метри, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 50 метри.
Сите патни правци во државата се проодни.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Утре променливо облачно и релативно топло
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло.
Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во наредните денови следува период на променливо време. Во недела претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините во северозападните делови од снег. Врнежи од дожд ќе има и во понеделник кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови, а на планините ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а нови врнежи повторно се очекуваат од четврток.

