Економија
„Порше Македонија“ го трасира патот кон електричната мобилност – инсталирани првите најмоќни Turbo DC полначи за електрични возила во државата
Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.
Во „Порше Македонија“ активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Turbo DC полначи со капацитет од 320kW, 3 полначи со моќност од 11kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.


Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.
„Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра” – изјави д-р Златко Муцунски, генерален директор на „Порше Македонија“.

Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди моделите Porsche Cayenne e-hybrid, Panamera e-hybrid, Porsche Taycan, Volkswagen e-up, Volkswagen Passat GTE и Volkswagen ID.3.
Моделската офанзива ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: светскиот автомобил на годината новиот Volkswagen ID.4, Porsche Taycan Cross Turismo, ŠKODA Enyaq, Audi e-tron и голем број на хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата.
„Порше Македонија“ го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата. Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани полначи на клучни точки низ целата држава: во главниот град во хотелите Bushi, TCC Grand Plaza и Panoramika, но и низ неколку градови низ државата: хотел Unique во Охрид, хотел Moderna во Демир Капија и Casino Hotel Flamingo во Гевгелија, каде што клиентите кои возат хибридно или електрично возило можат да ги полнат своите возила.



Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.

