Свет
(Видео) Во Русија изгаснати шест шумски пожари за еден ден

Во изминатите 24 часа во регионот Тјумен се изгаснати шест шумски пожари со вкупна површина од 951,4 хектари.
Во моментов во регионот има 23 активни пожари, објави денес регионалниот кризен центар, пренесува агенцијата ТАСС.
„Пожарите што се случија во изминатите 24 часа се три шумски пожари со вкупна површина од 15,2 хектари, еден пожар на ливада со вкупна површина од 100 хектари. Во текот на изминатите 24 часа беа изгаснати шест шумски пожари на вкупна површина од 951,4 хектари“, се наведува во соопштението.
Как только теплее в стране, сразу ожидаешь, что где-то серьезно бахнет. В этот раз Тюменская область борется со стихией, к которой по факту оказалась не готова. https://t.co/vNRaZOJvRC pic.twitter.com/X2JQuvvYmS
— red_bratsk (@Rafenat2) May 28, 2021
Се наведува дека гувернерот на регионот Тјумен, Александар Мур, претходно изјави дека овој регион ги документирал најобемните пожари во изминатите 10 години.
Според кризниот центар, пожарите се гаснат со помош на воздушната служба за заштита на шумите, Министерството за вонредни состојби и единиците на Министерството за внатрешни работи и одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.