Македонија
Османи ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Кипар, Теофилакту
Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги прими копиите од акредитивните писма од страна на Деметриос Теофилакту, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Кипар во Република Северна Македонија.
На новоименуванот амбасадор Османи му посака успех во вршењето на одговорната дипломатска функција и изрази очекување дека ќе даде придонес за подинамичен развој на меѓусебните односи, за што искажа целосна поддршка, помош и соработка.
Во разговорот беа разменети мислења околу повеќе актуелни теми, со акцент на европската интеграција и перспективи на Северна Македонија, при што Османи се заблагодари за континуираната и одлучна поддршка на Република Кипар во нашиот европски интегративен процес. Воедно, изрази уверување дека Кипар ќе продолжи со подеднаков ангажман да се зазема за нашата понатамошна интеграција во Унијата, информираат од кабинетот на Османи.
На средбата беше истакнато дека постои цврста и силно изразена волја за изградба на пријателски и срдечни односи на соработка во сите области од заемен интерес. Фокусот ќе биде ставен на економската соработка и туризмот, преку организирање на бизнис-форуми преку кои ќе се зајакне оваа соработка меѓу бизнис-заедницата.
Соговорниците, како што е соопштено, размениле мислења за актуелните состојби во двете земји, актуелните регионални и меѓународни случувања, со посебен осврт на справувањето со пандемијата и последиците кои таа ги предизвика, посебно на економски план.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

