Европа
Европската комисија сака проширување на шенген кон Хрватска, Бугарија и Романија

Европската комисија повика на проширување на шенген-зоната кон Хрватска, Бугарија и Романија, кои ги исполнуваат сите технички критериуми за членство во област каде што нема гранични контроли меѓу земјите членки.
Комисијата претстави стратегија за „посилна и поотпорна“ шенген-зона, која вклучува проширување на таа област на земјите членки на ЕУ кои сè уште не се дел од таа област.
„Иднината на шенген мора да биде обележана со проширување кон оние земји членки кои сè уште не се дел од шенген-зоната. Овие се легитимни очекувања и законска обврска за оние земји кои се оценуваат дека се подготвени да се приклучат”, рече Комисијата.
Денешниот шенген се состои од 26 земји, меѓу кои четири не се членки на ЕУ: Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн.
Сите земји членки на ЕУ, освен Хрватска, Бугарија, Романија, Кипар и Ирска се дел од шенген-зоната. Првите три земји ги исполнуваат сите технички критериуми и сега е на земјите членки да донесат политичка одлука за нивниот прием. Кипар не ги исполнува условите затоа што не ја контролира целосно својата територија, додека Ирска не сака да се приклучи на шенген бидејќи во спротивно ќе мора да воведе гранични контроли со Северна Ирска, што е спротивно на мировниот договор постигнат во 1998 година, што стави крај на конфликтот во Северна Ирска, која е дел од Обединетото Кралство.
„Се надевам дека Советот ќе донесе одлука што е можно поскоро за приемот на Хрватска, Бугарија и Романија во шенген-зоната“, рече комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.
Една од главните цели на стратегијата е да се обезбеди ефикасно управување со надворешните граници. Комисијата наведува дека тоа треба да се постигне преку распоредување на Европската гранична и крајбрежна стража и преку создавање на интероперативен систем за управување со информации и управување со миграцијата до 2023 година.
Следната цел е внатрешно зајакнување на шенген, со тесна соработка меѓу земјите членки за спречување и борба против безбедносните закани со цел да се елиминира недостигот на контроли на внатрешната граница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин