Македонија
Заев – Расули: Иран заинтересиран за инвестирање во Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев се сретна со Сејед Мохамед Џавид Расули, амбасадор на Исламската Република Иран во нашата држава.
„На состанокот се поздравени политиките на одлучност и пријателства на премиерот Заев, во кого, како што е пренесено, се гледа како на човек и политичар кој од срце работи за доброто на својот народ и својата држава. На средбата е пренесена голема заинтересираност од Иран за развој на економската соработка помеѓу двете држави“, соопшти владината прес-служба.
Амбасадорот Расули, задолжен за Северна Македонија од Софија, соопштил дека за време на својот двегодишен мандат во Бугарија два и пол пати ја зголемил економската соработка помеѓу Бугарија и Иран и дека иранските бизнисмени се заинтересирани за инвестирања на нови пазари и конкретно во Северна Македонија.
„Ние сме фокусирани на развивањето на меѓународните односи во рамките на нашите стратешки цели, НАТО и Европската Унија, но како држава што се стреми да отвора економски перспективи градиме пријателства во целиот свет. Покажавме дека сме мирољубива мултиетничка држава, симбол на пријателствата и на мирот, пример за мирот и стабилноста и уверени сме дека сите овие политики допрва ќе придонесат за силниот развој на економски план, на што работиме. Во таа насока сме заинтересирани да ја унапредуваме економската соработка и со Иран и гледаме можности за тоа“, рече премиерот Заев.
На состанокот било констатирано дека има можности за соработка во земјоделството и во културата, како и во областа на индустријата и градежништвото земајќи ги предвид соопштените податоци дека Иран е секогаш меѓу првите две држави во производството на нафта и гас, но и во првите пет држави по бројност на рудници за злато, сребро и слично. Договорено е да им се помогне на стопанствениците од двете држави да ја воспостават или унапредат меѓусебната соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

