Македонија
Општина Аеродром доделува субвенции за велосипеди
Општина Аеродром по повод Светскиот ден на велосипедoт објави оглас во кој ги повикува граѓаните да аплицираат за субвенции за велосипеди, а јавниот повик почна од вчера, 2 јуни, и ќе трае до 1 јули 2021 година.
Повикот ќе се реализира по принципот прв дојден прв услужен, а едно лице може да поднесе едно барање за добивање надоместок за еден велосипед. Секој полнолетен жител на општина Аеродром што купил велосипед во тековната 2021 година, најдоцна до денот на траење на јавниот повик, заклучно со 1 јули, може да достави барање за поврат на средствата во износ од 50 % од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари со вклучен персонален данок на доход, велат од општината.
„Целта на овој проект е да ги поттикнеме граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да се придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Потребни документи за аплицирање се:
1. Барање за надоместок (барањето може да се подигне во архивата на Општината или да се обезбеди од интернет-страницата на Општината http://www.aerodrom.gov.mk/vest/6705;
2. Фотокопија од лична карта или пасош како доказ за жителство во општина Аеродром;
3. Фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
4. Оригинална фискална сметка или фактура со извод од деловна банка, издадена во РСМ, со датум од тековната 2021 година како доказ дека е извршено купување велосипед;
5. Изјава (изјавата може да се подигне во општина Аеродром или од веб-страницата на Општина Аеродром: http://www.aerodrom.gov.mk/vest/6705 со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека нема добиено субвенции од друга институција.
Документацијата се поднесува во архивата на Општина Аеродром во затворен плик со намена за „Јавен повик за субвенции за купување велосипеди“ со назнака НЕ ОТВОРАЈ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

