Економија
(Видео) Тасевска: Инвестиции од 1,6 милијарди евра во патна инфраструктура преку ИПИ 2021-2027
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев започнува со реализација на Интервентниот план на инвестиции за периодот 2021 – 2027 година, најави пратеничката на СДСМ, Лидија Тасевска.
Според неа, меѓу проектите во Планот се наоѓаат и оние кои со децении се споменува и се најавуваа, но никогаш не почнаа со реализација или останаа заглавени, затоа што, како што рече, режимот на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одлучиле парите на граѓаните да ги трошат на барок, споменици и криминални тендери, наместо да ги вложуваат во она што е важно за граѓаните и државата.
Планот, како што објасни Тасевска, предвидува реализација на низа инфраструктурни проекти изградба и реконструкција на регионални и експресни патишта низ целата држава, но и инвестиции во железницата.
„Подготвена е првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш во вредност 54 милиони евра и ќе биде пуштен кон средината на овој месец, додека продолжува втората фаза која е предвидено да се пушти во употреба до септември 2022 година. Експресниот пат Крупиште – Кочани во вредност од 37 милиони евра, 50% е пуштен во употреба, а сега се реализира делницата Крупиште – Кочани. За експресниот пат Градско-Дреново-Фариш, избрани се изведувачите, очекуваме потпишување на договорите, со што работите на оваа многу значајна делница можат да започнат уште ова лето. Следува реализација на автопатот Скопје – Блаце, во вредност од 120 милиони евра, која ќе го гради македонската компанија ‘Гранит’. Продолжуваат активностите на железничката пруга Куманово до границата со Бугарија, каде трите фази се во вкупна вредност од 600 милиони, а дел од овие средства се донација од Европскиот инвестициски фонд“, рече пратеничката од СДСМ.
Додаде дека е обезбедена и документација, главен проект и студија на изводливост за железничката пруга Кичево – граница со Албанија, проект вреден 520 милиони евра.
Вредноста на проектите во патната инфраструктура, како што информираше, изнесува околу 1,6 милијарди евра, додека во железничката инфраструктура над 1, 1 милијарди евра, за периодот 2021-2017 година.
„Овој инвестициски циклус нема за цел да ветува економски чуда, туку фокусирање на нови и веќе познати инвестиции во енергетска инфраструктура, патна и железничка и гасоводна инфраструктура, во отпадот и пречистителните станици, преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура“, рече Тасевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

