Македонија
Регистрирани 19 нови случаи на Ковид-19, починати се 6 лица

Во последните 24 часа се направени 2.456 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 5, Куманово – 3, Гостивар, Кочани и Демир Хисар – по 2, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 1 лице.
Регистрирани се 26 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Куманово – 4, Радовиш и Кратово – по 3, Штип – 2, Гостивар, Кочани, Прилеп, Свети Николе, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1 .
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (69г и 83г) и по едно лице од Радовиш (52г), Тетово (77г), Кичево (74г) и Струмица (80г).
Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Направени се 2.456 тестови преку: ИЈЗ-346, ЦЈЗ Скопје-69, ЦЈЗ Битола-50, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–30, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 2, ГОБ 8-ми Септември-16, Институт за микробиологија–4, МАНУ-53, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-194, Биотек-384, Систина-97, лабораторија Лаор-204, Синлаб-85, Ремедика-53, Плодност–46, Генеа–26, Никоб лаб-71, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 528.
Досега во земјата се направени вкупно 804.728 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.364, бројката на оздравени пациенти е 148.872, на починати е 5.435, а бројот на активни случаи изнесува 1.057.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68548, Активни 439
Куманово 8838, Активни 107
Прилеп 8307, Активни 57
Тетово 7217, Активни 45
Битола 6295, Активни 51
Велес 5468, Активни 14
Гостивар 5176, Активни 25
Кавадарци 5153, Активни 11
Охрид 5006, Активни 54
Штип 4959, Активни 16
Струмица 4111, Активни 37
Струга 2980, Активни 22
Кочани 2789, Активни 14
Кичево 2568, Активни 44
Гевгелија 2193, Активни 9
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1522, Активни 9
Ресен 1234, Активни 9
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1159, Активни 26
Берово 1029, Активни 2
Делчево 971, Активни 9
Дебар 940, Активни 1
Виница 882, Активни 18
Пробиштип 789, Активни 1
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 399, Активни 5
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 7
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 4
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Љутков ги погази правата на културните работници: СДСМ бара итна исплата на платите

Сегашната ситуација во културата говори за целосно погазување на Колективниот договор и погазивање на правата на културните работници, вели Богданка Кузеска портпаролка на СДСМ.
„И во интервју на министерот Љутков го слушнавме како кажа без срам за колективниот договор за Култура дека е незаконски а тоа е напад на достоинството и правата на сите културни работници во државата. Колективниот договор не е проблем туку потреба за работниците и претставува законска обврска. Тој договор е резултат на борба на работниците, на дијалог и праведна политика на СДСМ кога беше на власт и кога платите во културата беа покачени а се исплаќаа редовно и со почитување на сите права на вработените“.
Денеска, додава таа, за жал културните работници се без плата за месец март и празниците така ги поминаа, а гледаме дека никој не понесе одговорност.
Ова, според неа, е последица на неспособност и распиничко трошење и целосно потфрлање на министерот за култура и владата на ДПМНЕ.
Како што оценува Кузеска, прашање е дали нападот на колективниот договор е најава за ново кратење на правата на вработените во културата и тоа по партиски терк.
„Неговата неспособност не е никакво оправдување. СДСМ бара целосна исплата на мартовската плата, покачена според колективниот договор за културните работници и негово целосно почитување“.
Македонија
Не е време за пиво скара туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на останатите плати, повика ССМ

Овој Први мај место марш, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот, не се зголемуваат согласно потпишаните договори и Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов ги повика синдикатите здружени во ССМ, нивните членови но и сите останати синдикати и поддржувачи на работничките права место на скара да излезат на протест.
„Недостоинствените услови за работа и недостоинствените плати се главниот мотив оваа година на Први мај да протестираме а не да маршираме. Има многу причини за но ниету една против излегувањето на протсет на Први мај. Денеска за жал оргомен број работници во приватниот сектор уште немаат добиено плата з амесец март. Денеска оргомен број институции во јавниот сектор немаат добиено плата за март, 2025 година. Ако тоа што ви се ниски платите, ако тоа што не добивате плата не е доволен мотив да ни се придружите на Први мај тогаш треба да знаете колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме толку ќе добиете и толку ќе добиеме. Нѐ бројат и Владата и работодавачите. Поканата е отворена за сите кои сметаат дека треба да се придружат на овој Први мај заедно да покажеме дека минималната плата во Македонија е мизерна односн најниска во регионот. Ако во некоја држава минималната плата е на дното во регионот во Македонија минималната плата го проби и дното. Не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права“, рече претседателот на ССМ, Трендафилов.
Протестот ќе почне во 11 часот пред Работничкиот дом на Први мај. Трендафилов апелираше работниците да покажат единство оти живеат од плата, не од политика и масовно да излезат да го искажат незадоволството. Тој нагласи дека пет месеци нарочно не се утврдува репрезентативност на ССМ за да не се одржи седница на Економско-социјалниот совет на која Владата ќе мора или да го прифати или да го одбие предлогот на ССМ минималната плата да се покачи на 500 евра.
Македонија
Добро е што СДС, конечно, ги тргна розовите очила и виде во каква состојба ја остави државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Добро е што СДС конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата, Владата контиуирано ги зголемува платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на Богданка Кузеска од СДСМ.
„СДС очигледно мислат дека работите се поправаат со магично стапче. Да им појасниме, пустошот во кој ја оставија Македонија на секој план, не се поправа преку ноќ. Еве неколку факти за подобрување на животниот стандард кој СДС успеа да го уништи за седум години власт. Прво, припадниците на МВР добија зголемување на платите за 10%. Второ, вработените во основните и средните училишта добија зголемување на платите за 7%, или за мандатот во образование платите ќе се зголемат за 46%. Трето, во здравството се зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%. За период од четири години предвидено е зголемување на платите во здравството до 50 отсто“, пишува во реакцијата.