Црна хроника
Во Скопје 187 казни за сообраќајни прекршоци, 46 од нив за брзо возење

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден (3 јуни) спорвела засилени акциски контроли на територијата на Скопје.
Како што информираат од МВР, притоа биле изречени вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол.
Изречени биле и 15 санкции за користење мобилен телефон, 16 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за некористење сигурносен појас, 63 санкции за непрописно паркирање.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли ќе продолжат и во деновите од викендот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 61-годишен маж: бил затекнат како предизвикува пожар во скопско Огњанци

Денеска полициски службеници од СВР Скопје во 18.30 часот, кај старата депонија во село Огњанци го затекнале 61-годишниот А.Ф. од село Огњанци, како предизвикува пожар на сува трева и ѓубриште.
Пожарот е изгаснат, а А.Ф. е лишен од слобода во полициска станица и ќе биде известен надлежен јавен обвинител.
Црна хроника
Со комбе му ја загрозил безбедноста на мотоциклист во Струшко

Вчера во ОВР Струга е пријавено дека, на локален пат во струшкото село Делогожда, Л.Ж. , кој управувал комбе, му ја загрозил безбедноста на В.Д.(35), двајцата од истото село, кој на патот управувал моторцикл.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја присилил ќерка си да пита во Дебар: уапсен маж од Скопско

Синоќа во 20.40 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е С.Р.(30) од скопската населба Шуто Оризари.
Тој се сомничи дека го сторил казненото дело „Запуштање и малтретирање дете“ бидејќи ја присилил неговата малолетна ќерка да врши питачење на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар каде биле затекнати од полициските службеници.
За настанот, известени се јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Дебар и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.