Свет
Австралија: Државата Викторија повторно се затвора, откриен заразниот индиски вид на Ковид-19
Австралиските власти објавија дека во државата Викторија за првпат го откриле многу заразниот индиски вид на коронавирусот, што, како што велат, предизвикува загриженост поради големиот број новозаразени случаи.
Индискиот вид, кој Светската здравствена организација (СЗО) го рангираше меѓу четирите загрижувачки варијанти на Ковид-19 поради доказите дека полесно се шири, веројатно го предизвика последниот бран на инфекции во Индија.
„Тоа е загрижувачка варијанта“, изјави шефот на здравствената состојба на Викторија, Брет Сатон пред новинарите во Мелбурн.
„Фактот дека ова е вид што се разликува од другите значи дека не е поврзана, во смисла на пренос, со тие случаи“, објасни Сатон.
„Загрижувачки е што не е поврзано со други случаи, но ние ги испитуваме сите примарни контакти и истражуваме од каде може да дојде“, рече Сатон.
Индискиот вид е откриен кај двајца членови на семејство кои патувале во соседен Нов Јужен Велс пред две недели, додека најверојатно биле заразени и посетиле неколку популарни туристички дестинации на југот на земјата.
Сатон рече дека е далеку од можно заразата да е добиена во Нов Јужен Велс, но дека ќе бидат потребни повеќе тестови.
Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, немаше забележано ниту еден локално стекнат случај во период од еден месец.
Викторија, втора по бројност држава во Австралија, се бори со последниот бран од коронавирус и по повеќе од три месеци во оваа држава речиси нема нови заразени со коронавирусот.
Во Мелбурн претстои втората недела на затворање од пандемијата откако беше продолжена за уште седум дена до 10 мај.
Властите оправдание за ваквиот чекор гледаат во индискиот вид на коронавирус што го опишаа како заразен вид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Словенечкиот премиер најави построги безбедносни мерки по убиството
Словенечкиот премиер Роберт Голоб најави засилување на безбедносните мерки и измени во казнената политика по смртта на 48-годишен маж во Ново Место, кој почина по напад, пренесе „Индекс“.
Во телевизиско обраќање, Голоб рече дека државата ќе направи сè за да ја заштити безбедноста на граѓаните, но предупреди дека „репресивните мерки нема да бидат популарни“.
Тој најави двојно зголемено полициско присуство во југоисточниот дел на земјата и рече дека сите институции – полицијата, обвинителството и судството – ќе добијат поголеми овластувања.
„Овој сторител не стана таков преку ноќ. Тој е производ на систем што не функционирал. За да го смениме тоа, ќе биде потребна цела генерација“, изјави Голоб.
Премиерот ги повика сите политички лидери да покажат одговорност и да не ја користат трагедијата за собирање политички поени.
Регион
Курти не успеа да формира влада
Лидерот на Движењето „Самоопределување“, Албин Курти, соопшти дека актуелната влада ќе продолжи да функционира до одржување на нови парламентарни избори, откако денеска во косовското Собрание не доби доволен број гласови за формирање нов кабинет, пренесе „Фонет“.
„Им благодарам на сите пратеници кои го поддржаа предлогот за новата влада и на граѓаните за поддршката. Бидејќи 56 гласа беа за, 52 против, а четворица воздржани, новиот мандат не може да започне. Во меѓувреме, како актуелна влада продолжуваме кон новите парламентарни избори“, напиша Курти на „Фејсбук“, пренесе „Косев“.
По гласањето, претседателот на Собранието, Димал Баџа, изјави дека одговорноста сега преминува на претседателката Вјоса Османи, која најави консултации со сите партии. Доколку не биде формирана влада, Османи ќе распише нови избори во рок од 40 дена.
Опозициските партии веќе порачаа дека нема да се обидат да формираат влада, бидејќи немаат мнозинство.
Свет
Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД
Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.
Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.
Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.
Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.
Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.
California Gov. Gavin Newsom says he’s open to a presidential run.
The Democrat and frequent Trump critic said he’ll give serious thought to a White House bid after next year’s midterms. “I’d be lying otherwise,” Newsom said, adding that “fate will determine” his decision and a… pic.twitter.com/uD8OqNrnHE
— CBS Sunday Morning 🌞 (@CBSSunday) October 26, 2025

