Црна хроника
Нападнат полицаец при спречување расправија
Полициски службеник бил нападнат од 18-годишен скопјанец при обидот да спречи негова расправија со уште две лица, информираат од полицијата.
Инцидентот се случил во понеделник околу 22:40 часот во автобусот број 4, во моментот кога се наоѓал на станицата пред зградата на „Кјуби“ на ул. „11 октомври“. Полицаецот го затекнал 18-годишниот скопјанец со уште две момчиња на 16, односно 15-годишна возраст како се караат, викаат и се однесуваат дрско и непристојно. Откако ги предупредил, истите продолжиле со караницата, при што 18-годишниот скопјанец со лактот го удрил полицаецот во пределот на устата, при што му нанел повреда во вид на црвенило.
Лекарска помош му е укажана на полицаецот, а момчињата се приведени во полиција. ЗА настанот се известени и инспектори по малолетничка деликвенција, кои го превземале случајот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Струмичанец паднал од мопед и починал
Вчера во 17:40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Р1402, на делницата од с.Габрово до с.Банско, К.Д.(63) од с.Градско Балдовци, струмичко, управувајќи мопед со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на мопедот.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа од СВР Струмица.
Црна хроника
Крадел пари од баба му и мајка му: под истрага малолетник од Пехчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе известување против малолетник од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
На 08.07.2025, пријавениот од паричникот на неговата баба одзел пари, а на 10 и 11.07.2025 од платежната картичка на неговата мајка од банкомат во два наврати подигнал парични средства.
Топ
МВР со детали за смртта на 47-годишниот Ѓорѓиевски: бил пренесен во болница
МВР со детали за смртта на осуденикот Кире Ѓорѓиевски.
Имено според полицијата, вчера во 09:30 часот во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип, било пријавено дека на осуденикот К.Ѓ.(47) од Скопје на 31.10.2025 му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што на 01.11.2025 починал.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила увидна екипа.

