Европа
Путин: САД одат по трагичниот пат на Советскиот сојуз
Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека Соединетите Американски Држави одат директно по истиот пат како и Советскиот сојуз, пренесе РИА Новости.
Говорејќи за односите меѓу САД и другите земји, Путин рече дека проблемот на империите е што тие си мислат дека се толку моќни што можат да си дозволат мали грешки.
„Овие ќе ги купиме, овие ќе ги исплашиме, со овие нешто ќе се договориме… Но, бројот на проблеми расте и доаѓа моментот кога тие веќе не можат да се справат со нив“, смета рускиот лидер.
Вчера, на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин имаше онлајн средба со главните уредници на меѓународните новински агенции.
Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург се одржува од 2 до 5 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Се судрија два трамваи во Стразбур: повредени најмалку 20 лица
Најмалку 20 лица се повредени при судир на два трамваи во Стразбур, во источна Франција, пренесуваат француските медиуми.
Несреќата се случила откако машиновозачот не ги почитувал знаците и завршил на погрешна пруга пред директно да се судри со неподвижен трамвај.
🚨🇫🇷BREAKING: TRAM COLLISION IN FRANCE LEAVES 20+ INJURED
2 trams collided at a station in Strasbourg, France, near the border of Germany, leaving dozens injured.
Emergency services are on site, cause is unknown.
Source: CNN, BBO, CNews
pic.twitter.com/O9yPAbma7J— Mario Nawfal (@MarioNawfal) January 11, 2025
Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени.
Противпожарната и спасувачката служба на Bas-Rhin потврди дека бројни ресурси се мобилизирани и се на лице место.
Европа
Зеленски: 34 земји ветија дека ќе ѝ помогнат на Украина, очекуваме 2 милијарди долари
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни 2 милијарди долари воена помош во војната против Русија.
Зеленски, во изјава за телевизискиот канал „Моја Украина“ по вчерашната средба, даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.
Тој го оцени состанокот како многу добар, истакнувајќи дека на Украина и биле ветени дополнителни пакети за поддршка во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат воздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија. „И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји станува збор.
Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта во вредност од околу половина милијарда долари. Украинскиот лидер потоа се состана со италијанската премиерка Мелони во Рим, со која разговараше за подобрување на воздушната одбрана на Украина и напорите за формирање унифицирана позиција насочена кон придвижување кон решавање на војната.
Ројтерс објави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјавил дека Вашингтон ќе и обезбеди на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.
Европа
Четворица цивили загинаа во гранатирање во Украина
Четири лица загинаа во гранатирање во Украина, руската војска е обвинета за жртвите во Доњецк, а украинските сили во регионот Запорожје, соопштија регионалните власти.
Во регионот Доњецк, точката на бавното напредување на Русија на запад долж линијата на фронтот, гувернерот Вадим Филашкин на Телеграм изјави дека две лица загинале кога руските сили го гранатирале градот Сиверск.
Понатаму, на југ, во областа контролирана од Русија во областа Запорожје, две лица загинаа кога градот Камјанка-Днипровска беше под украински оган, напиша на Телеграм Евгениј Белицки, гувернерот назначен од Русија.
Градот се наоѓа на голема акумулација покрај реката Днепар, која ја минува Украина, недалеку од нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите на бојното поле од ниту една завојувана страна.