Македонија
Солана, Робертсон и Нимиц меѓу дипломатите кои ќе добијат признанија по повод 30 години од независноста
Република Северна Македонија годинава одбележува 30-годишен јубилеј од независноста, прогласена во 1991 година.
По тој повод, од МНР информираат дека министерот Бујар Османи, донел одлука да врачи признанија на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот.
„Со овој чин, придаваме симболично признание за оставениот белег во консолидација на нашата самостојност, поддршката и помошта во заокружување на евро-атлантската перспектива, како и зацврстувањето на мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество“, појаснуваат од ресорното министерство.
МНР ја објави и целосната листа која ги опфаќа следните личности:
РОБЕРТ БАДИНТЕР, претседател на Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија
ЛОРЕНС БАТЛЕР, амбасадор на САД (2002-2005)
ЕРХАРД БУСЕК, специјален координатор на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа (2002-2008)
МАКС ВАН ДЕР ШТУЛ, висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ (1993-2001) – постхумно
СЕР БАРНИ ВАЈТ СПУНЕР, британски генерал и командант на НАТО во нашата земја (2001)и член на Охридската група
ЖЕЉУ ЖЕЛЕВ, претседател на Република Бугарија (1990-1997) – постхумно
КЛАУС КИНКЕЛ, министер за надворешни работи на Сојузна Република Германија (1992-1998) – постхумно
НИКОС КОЅИЈАС, министер за надворешни работи на Хеленска Република (2015-2018)
АЛЕН ЛЕ РУА, специјален претставник на ЕУ (2001-2002) и член на Охридската група
ШТЕФАН ЛЕНЕ, директор на директоратот за Балкан, Источна Европа и Централна Азија во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ (2002-2008)
АНА ЛИНД, министер за надворешни работи на Шведска и претседавач со Советот на ЕУ (2001) – постхумно
ТАДЕУШ МАЗОВЈЕЦКИ, специјален известувач на Комисијата за човекови права на ООН – постхумно
ЏОН МЕКЕЈН, американски сенатор – постхумно
МЕТЈУ НИМИЦ, личен претставник на Генералниот секретар на ООН (1999-2019)
ЛОРД ПАТЕН, европски комесар за надворешни работи (1999-2004)
ЏЕЈМС ПЕРДЈУ, претставник на САД во нашата земја (2001)- постхумно
РЕИНХАРД ПРИБЕ, директор за Западен Балкан во Генералниот секретаријат за надворешни работи (2001-2004) и за проширување (2005-2006) на ЕУ
РОМАНО ПРОДИ, поранешен премиер на Италија и претседател на Европската комисија (1999-2004)
КОНДОЛИЗА РАЈС, државен секретар на САД (2005-2009)
ОЛИ РЕН, европски комесар за проширување (2004-2010)
Лорд ЏОРЏ РОБЕРТСОН, генерален секретар на НАТО (1999-2004) и претседавач на Охридската група
ДАНИЕЛ СЕРВЕР, универзитетски професор
ДЕЈВИД СЛИН, поранешен британски дипломат
ХАВИЕР СОЛАНА, висок претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика (1999-2009) и член на Охридската група
ЖАН ФРАНСОА ТЕРАЛ, амбасадор на Француската Република (2000-2003)
ПИТЕР ФЕЈТ, личен претставник на генералниот секретар на НАТО (2001)
ЕРВАН ФУЕРЕ, специјален претставник на ЕУ и шеф на Делегацијата на Европската комисија (2005-2011)
КРИСТОФЕР ХИЛ, амбасадор на САД (1996-1999)
РИЧАРД ХОЛБРУК, помошник Државен секретар на САД за европски и канадски прашања (1994-1996)- постхумно
ХИКМЕТ ЧЕТИН, министер за надворешни работи на Република Турција (1991-1994)
ХАНС ЛОТАР ШТЕПАН, историчар и амбасадор на Сојузна Република Германија (1993-1997) – постхумно
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хоџа-Касами: силен инвестициски фокус на животната средина во Тетово
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска одржа работен состанок со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.
Во фокусот на разговорите беа инвестициите кои Министерството ги реализира во Тетово, вклучувајќи ја реконструкцијата на главниот водовод од Попова Шапка до градот, проширувањето на примарната мрежа во населбата „Вонвардарска“ и изградбата на колектори за атмосферска канализација во Фалише и Дарданија, проекти кои се во различни фази на реализација.
На средвата беа разгледани проектите финансирани од Европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој, вклучувајќи ја втората фаза на реконструкција на водоводот и изградбата на Станицата за трансфер на отпад во Тетово, како и тековните IPA проекти.
Соговорниците се обврзаа на тесна институционална соработка за ефикасна реализација на проектите и одржливо подобрување на условите за живот на граѓаните на Тетово.
Македонија
Интересот за докуп на стаж не се намалил и во 2025 година: управниот одбор на Фондот на ПИОМ ја усвои завршната сметка
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа триесет и втората седница.
Директорот на Фондот, Никола Мемов ги информира членовите на Одборот за активностите што се остварени по претходната седница. Тој рече дека предвидените активности на Фондот се одвиваат согласно плановите и при тоа нагласи дека процесот на дигитализацијата на архивата се одвива непречено согласно СИАП проектот и се очекува да заврши до 30 јуни оваа година.
Мемов, исто така, информира дека состојбата со решавањето на предметите е подобрена, а особено во Комисиите за процена на способноста, и нивниот број е намален.
Управниот одбор ја усвои Завршната сметка на Фондот за 2025 година. Директорката на Секторот за финансии, Фатиме Неџипи рече дека од податоците изнесени во Завршната сметка произлегува дека Фондот навремено и во целост ги извршувал сите обврски во текот на 2025 година. Таа додаде дека приходите и расходите се избалансирани и се во согласност со предвидените параметри.
Членот на Одборот, Станка Трајкова рече дека од Завршната сметка се гледа дека финансиското работење на Фондот е позитивно, што е задоволувачки резултат.
Управниот одбор на седницата ги разгледа и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината на издадениот станбен простор во домовите за живеење на корисниците на пензија за период 01.01 – 31.12.2025 година и Информацијата за состојбата со наплатата на закупнината за издадениот деловен простор во домовите за живеење и клубовите за дневен престој на корисниците на пензија за истиот период.
Директорот на Секторот за човечки ресурси, правни и општи работи, Влатко Ѓуроски рече дека наплатата на закупнините кај станбениот простор се одвива непречено, поради тоа што истата се одвива со задршка од пензијата на корисниците. Кај издавањето на деловниот простор, додаде тој, во два случаи се прекршени одредбите од Договорот за закуп и истите се раскинати. Ѓуровски рече дека овие простори ќе бидат дадени на лицитација за изнајмување откако ќе биде извршена проценка на вредноста за давање под закуп по метар квадратен.
Управниот одбор ги разгледа и Информацијата за остварените права од двостолбниот пензиски систем и Информацијата за утврдување на стажот на осигурување – „докуп на стаж“ во 2025 година. Директорката на Секторот за остварување на права од ПИО, Билјана Стојанова информира дека во вториот столб има 410.602 активни осигуреници. Според евиденцијата на Фондот досега 130 осигуреници оствариле право на старосна пензија со исплата од двостолбниот пензиски систем. Од нив 57 корисници кои ги потрошиле средствата од индивидуалната сметка примаат минимална пензија од Фондот.
Во однос на докупот на стаж, Стојанова рече дека интересот не се намалува и во 2025 година се поднесени 840 барања. За 791 барање е донесено позитивно решение, за 21 негативно, а 11 предмети се во тек на решавање. Стојанова рече дека по овој основ до 31.12 2025 од Фондот се наплатени 4 милијарди 222 милиони 217 илјади и 2 денари.
Македонија
Утре сончево со мала локална облачност, во наредните денови температурите во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

