Свет
Бајден пред состанокот со Путин: Тој знае дека нема да се воздржувам во одговорите
САД ќе застанат покрај своите европски сојузници против Русија, вети американскиот претседател Џо Бајден пред неговата прва средба во живо со рускиот претседател Владимир Путин, но исто така рече дека тој не бара конфликт и дека сака стабилна врска и соработка со Москва.
Бајден патува за Европа во среда и треба да присуствува на самитите на Г7 и НАТО и да се состане со рускиот лидер во Женева, на 16 јуни.
„Ние сме обединети да одговориме на предизвиците што Русија ги претставува по европската безбедност, почнувајќи од нејзината агресија врз Украина и нема да има сомнеж за одлучноста на САД да ги бранат нашите демократски вредности, кои не можеме да ги одделиме од нашите интереси“, напиша Бајден.
„Претседателот Путин знае дека нема да се воздржувам да одговорам на идните штетни активности“, наведе Бајден. „Кога ќе се сретнеме, ќе ја повторам заложбата на Соединетите држави, Европа и демократските истомисленици кои се залагаат за човекови права и достоинство“.
Откако ја презеде функцијата во јануари, Бајден го засили притисокот врз Кремљ, во една прилика јавно нарекувајќи го Путин „убиец“, што наиде на остри критики во Москва.
Но, и двајцата лидери изразија надеж за подобрување на односите, а рускиот претседател во петокот рече дека очекува позитивен резултат од разговорите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.