Спорт
Видиќ се чуди на „астрономските“ долгови на Црвена звезда
Поранешниот српски репрезентативец и фудбалер на Црвена звезда и Манчестер јунајтед, Немања Видиќ вели дека е шокантно да се види колку пари се „вртат“ во српскиот шампион и дека мора да се провери кој го задолжил клубот толку.
Видиќ вели дека е среќен што се освојуваат титули и што се игра во Европа, но дека со невнимателност во одредувањето на буџетот може да се дојде до „сценариото на ОФК Белград“.
„Се плашам тие успеси да не ги чинат многу скапо еден ден. Видовме слични приказни во блиската иднина и мислам дека е крајно време да се провери од каде доаѓаат парите кај некои луѓе, додека клубовите се во огромни долгови и кој е виновен за тој долг на Црвена звезда“, вели Видиќ.
Тој исто така вели дека е несфатливо фудбалери без пазарна вредност да имаат плати од 600.000 евра годишно.
„На пример, Зведа во последните години нема ниту еден играч под 21 години во важните натпревари. Просекот на стартните 1 е 28 години. Што ќе остане по таква политика на клубот и тренери кои немаат чувство за млади фудбалери. Кој ќе прави нови репрезентативци? Јас бев капитен на Звезда на 20 години, сегашниот тренер Станковиќ уште помлад“, вели Видиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид
Тенисерката број еден во светот Ига Швјонтек ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид. Таа во финалето ја победи Арина Сабаленка во три сета. За Швјонтек ова е 20-та титула во кариерата, а прва во Мадрид.
Резултатот по три часа и 14 минути борба беше 5:7, 6:4, 7:6 (9:7).
Спектакуларниот меч на двете најдобри во светот, кулминација доживеа во тај-брејкот во третиот сет кој Швјонтек го доби со 9:7.
Спорт
(Видео) Барди погоди од слободен удар
Енис Барди постигна гол за Трабзон, но неговиот клуб доживеа пораз од Самсин 3:1.
Капитенот на македонската репрезентација, во 32.минута погоди од слободен удар, ја намали предноста на 2:1, но само четири минути подцна Фернандес со авто-гол го постави конечниот резултат.
На три кола до крајот на сезоната, Трабзон се наоѓа на третото место со 58 бода, четири повеќе од Бешикташ. Доколку остане на третото место, Трабзон наредната сезона ќе се натпреварува во Лига Европа.
👌🏻👌🏻👌🏻 Trabzonspor 🔥Enis Bardhi pic.twitter.com/hnuPvPkxks
— 61post (@61post) May 4, 2024
Спорт
Тежок пораз на МЗТ од Спартак во Суботица
Македонскиот шампион МЗТ Скопје и наредната сезона ќе се натпреварува во Втората АБА лига. МЗТ, вечерва доѓивеа убедлив пораз на гостувањето кај најдобриот тим во регуларниот дел од сеозната, Спартак Суботица.
МЗТ имаше мали шанси да го изненади фаворизираниот противник, кој во Скопје победи со пет поени разлика. Но ниту најголемите песимисти не очекуваа дека македонскиот шампион ќе доживее тежок пораз.
Спартак сите дилеми, ако воопшто и ги имаше, ги реши во првото полувреме. Екипата од Суботица реализираше 80 отсто од шутевите за три поени во првиот дел (8/10) и на пауза замина со резултат 57:32.
Вториот дел беше само одработување на започнатото за Спартак кој славеше со 98:64.
Спартак за место во АБА лигата ќе се бори со Војводина.