Спорт
Федерер, очекувано, се повлече од Ролан Гарос
Роџер Федерер, како што најавуваше, се повлече од Ролан Гарос по вчерашниот маратонски меч кој заврши во 40 минути по полноќ, решавајќи фокусот да го префрли на својот омилен тунрир, Вимблдон.
„По разговорите со мојот тим, решив да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото и повеќе од една година рехабилитација, најважно е да го слушам моето тело и да не се обидувам со враќањето предвреме. Презадоволен сум што имав три меча зад мене, бидејќи нема подобро нешто од тоа да си на тенискиот терен. Се гледаме наскоро“, напиша Федерер на социјалните мрежи.
39-годишниот освојувач на 20 гренд слем титули го победи Германецот Доминик Кепфер во четири сета и требаше да игра со Италијанецот Матео Беретини во четвртото коло. Предвидено е тој да игра на подготвителниот турнир за Вимблдон во Хале, Германија од 14 јуни.
— Roger Federer (@rogerfederer) June 6, 2021
Зошто Ролан Гарос му приреди „тажна“ фарса на Роџер Федерер?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ливаковиќ одбил да игра за клубот
Доминик Ливаковиќ отиде во Џирона како позајмен играч од Фенербахче, но таму не доби вистинска шанса.
Хрватскиот голман е втора опција во шпанскиот клуб, поради што е незадоволен, поради што одбил да брани еден натпревар за својот тим.
За тоа зборуваше и тренерот на Џирона, Мичел.
„Ливаковиќ не сака да брани. Мораше да брани Газанига, иако е болен. Многу сум лут поради оваа ситуација“, рече Мичел и додаде:
„Ливаковиќ сака да си замине по секоја цена. На ум го има Светското првенство следната година“, истакнува Мичел.
Доминик Ливаковиќ сака да го дочека Светското првенство, кое започнува следната година, во добра форма, па затоа е јасно зошто сака да ја смени средината.
Се шпекулира дека тој ќе се врати во Динамо, и покрај тоа што интерес за него покажа и Џенова.
Спорт
Трансфер „бомба“ во најава: Дибала се враќа во Аргентина
Во аргентинските фудбалски кругови, одекна веста дека од Бока Јуниорс потврдиле, дека клубот има намера да го ангажира Пауло Дибала.
Директорот на клубот, Марсело Делгадо, го опиша потенцијалниот трансфер како комплексна мешавина од „сон и реалност“, нагласувајќи дека гигантите од Буенос Аирес се подготвени да вложат значителен напор за да го обезбедат потписот на Дибала.
Идејата дека Дибала би можел да го замени Рим за жешката атмосфера на „Ла Бомбонера“ долго време тлееше во јужноамериканскиот фудбал, но сега тие гласини добија официјална потврда од врвот на клубот.
„Сон, илузија или реалност? Дибала е мешавина од сите нив“, објасни Делгадо.
„Се надевам дека ќе можеме да направиме потребни напори за да го доведеме тука, без разлика дали постои можност или не. Единственото нешто што го знам е дека неговиот договор истекува во јуни 2026 година. Ќе ја процениме ситуацијата и ќе видиме што ќе се случи.“
Аргентинскиот играч за врска влегува во последните шест месеци од договорот со Рома, што значи дека од јануари може да преговара со други клубови, кои би го донеле без обештетување на крајот од сезоната.
Foto/ depositphotos
Спорт
Јокиќ диригираше, Денвер за полувреме го декласира Сакраменто
Никола Јокиќ повторно ги помести границите во НБА лигата.Изминатата ноќа, во победата на Денвер нагетс, стана играч со најмногу натпревари во кои имач најмалку 30 поени, 10 скока и пет асистенции со 80 отсто реализација.
Денвер во Сакраменто ги декласира Кингс со 136:105. Јокиќ на теренот мина само 29 минути, забележа 36 поени, 12 скокови и осум асистенции. Реализираше 14 од 16-те обиди од поле.
Во убедливата победа на Нагетс се истакнаа и Пејтон Вотсон со 21, Кем Џонсон со 16 и Јонас Валанчунас со 15 поени.
Резултати:
Хјустон Рокетс – ЛА Лејкерс 115:113
/Шенгун 22 – Зубац 33/
Милвоки Бакс – Бостон Селтикс 116:101
/Кузма 31 – Браун 30/
Њу Орлеанс Пеликанс – Портланд Треил Блејзерс 143:120
/Марфи 24 – Шарп 21/

