Спорт
Англиските навивачи пак ги свиркаа фудбалерите кои клекнаа

И покрај апелот на селекторот Герет Саутгејт, англиските навивачи на „Риверсајд“ во Милдзборо повторно ги исвиркаа фудбалерите кои клекнаа пред пријателскиот меч против Романија.
Фудбалерите во Премиер лигата постојано клекнуваат минатата година во знак на поддршка на расната еднаквост по смртта на Џорџ Флојд во САД, меѓутоа со враќањето на навивачите на трибините, очигледно дека ова им пречи на дел од фановите. Слично беше и на мечот против Австрија во средата на истиот стадион по што Саутгејт реагираше.
„Не можеме да ја контролираме реакцијата, но нашиот став е јасен, ние сме зад фудбалерите. Обединети сме со целиот тим и се надеваме дека ќе помогнеме за единство“, изјави Саутгејт вчера.
Loud boos for the players grovelling around submissively on their knee before kick off at the England V Romania game pic.twitter.com/d00nT0zA9k
— Broken Britain (@BrokenBritainX) June 6, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Маркез на пол-позицијата во Муџело
Марк Маркез ја обезбеди пол-позицијата во Муџело. Шпанецот прв ќе ја стартува спринт трката попладнево на кулната патека и ќе стартува прв утре во главната трка. За возачот на Дукати ова беше јубилејната 100. пол-позиција во кариерата.
Марк стигна до првата стартна позиција со време од 1:44.169. Веднаш до него на стартот ќе биде тимскиот колега, двократниот шампион Франческо Пеко Бањаја. Италијанецот имаше послаб резултат за 59 илјадити делови од секундата.
Помладиот од браќата Маркез, Алекс, возач на Гресини Дукати (+0,083) ќе стартува трет.
Првите десет во квалификациите ги комплетираа Фабио Квартараро, Маверик Вињалес, Франко Морбидели, Фабио ди Џанантонио, Педро Акоста, Алекс Ринс и Марко Бечеки.
Спринт е закажан за сабота во 15 часот.
Спорт
Алиоски потпиша договор со Лугано

Левиот бек на фудбалската репрезентација на Македонија, Езѓан Алиоски ја заврши авантурата во Саудиска Арабија. Алиоски реши да се врати во Европа, во новата сезона ќе го носи дресот на Лугано.
Езѓан Алиоски, стрелец на 13 голови во 85 настапи за Македонија, од 2021 година го носеше дресот на Ал Ахли. Не успеа да се наметне и не доби вистинска шанса, една сезона дури мина и на позајмица во Фенербахче.
Органичената минута го натера да се врати во Швајцарија каде што започна да ја гради успешната кариера.
Алиоски потпиша со Лугано, тим чии дрес го носеше во сезоните 2015/16 и 2016/17.
Со швајцарскиот тим, Алиоски потпиша договор до јуни 2027 година.
Спорт
Последен трансфер во кариерата, од Дубаи во холандски затвор

Холандскиот фудбалер Квинси Промес (33) е екстрадиран во Холандија во петокот, каде што е осуден на седум и пол години затвор за шверц на кокаин и ранување на свој роднина.
За неговата вмешаност во шверцот на повеќе од еден тон кокаин од Бразил во 2020 година, Промес беше осуден во отсуство на шест години затвор во февруари 2024 година, додека доби дополнителна година и пол во друг случај, за прободување на роднина по расправија на семејна прослава.
Досега, тој беше недостапен за холандските власти бидејќи во времето на пресудата играше за Спартак Москва, во Русија, кој, поради агресијата врз Украина, ги прекина дипломатските односи со западните земји, па поради тоа Промес не беше екстрадиран во Холандија.
Во меѓувреме, Промес направи сообраќаен прекршок во Дубаи, каде што тренираше со Спартак, за што беше уапсен на аеродромот, бидејќи претходно избегал од местото на настанот.
Таму тој потпиша за клубот од втората лига за кој играше до неодамна, кога полицијата повторно го уапси врз основа на меѓународна потерница и, по наредба на холандското обвинителство, сега го екстрадираше во неговата земја.
Промес, да потсетиме, го носеше дресот на холандската репрезентација 50 пати и постигна седум гола.
Последен пат играше за репрезентацијата во 2020 година.