Вести
Истражување: Полицијата во САД ги убива црнците 21 пат повеќе од белците

Дури 21 пат е поголема веројатноста темнокожите млади Американци да станат жртви на тамошната полиција отколку нивните бели врсници, покажува истражувањето што го спровела непрофитната корпорација ProPublica.
Соработниците на ProPublica истражувале 1.217 престрелки со полицијата со смртни последици во периодот од 2010 до 2012 година. Притоа, според резултатите од студијата, поголемиот дел од таквите инциденти се однесува на случаи во кои биле инволвирани афроамерикански тинејџери на возраст од 15 до 19 години, односно 31,17 на милион црнци биле убиени во вакви инциденти, наспроти 1,47 на милион белци на споменатата возраст. Анализата на ProPublica покажува дека станува за многу остра разлика, којашто ја илустрира со тоа дека за да биде еднаков ризикот за двете споредувани групи тинејџери, би биле потребно три години во кои седмично би гинеле дури 185 седмично.Професорот на државниот универзитет Мисури, Дејвид Клингер, експерт за полициска употреба на смртоносна сила, изјави за публикацијата дека бројките можеби и не се точни, бидејќи Федералното истражно биро (FBI) не е обврзано да обезбеди целосните податоци за спроведените истраги. Сепак, според професорот, „малку е веројатно дека има значителна грешка“ во податоците од споменатото истражување.Истражувањето, исто така, покажува дека просечната возраст на убиените во разни акции на припадници на американската полиција за Афроамериканците изнесува 30 години, додека за белците 35 години.Покрај тоа, меѓу полицајците кои нанеле фатални истрели на тинејџери, поголемиот дел се бели Американци, додека бројот на темнокожите офицери е само 10 отсто.Активистите на ProPublica го спроведувале истражувањето во текот на неколкуте изминати седмици, врз основа на податоците од извештаите на FBI. Во статијата се наведува дека во истражувањето се вклучени детални податоци од повеќе од 12 илјади полициски убиства во периодот од 1980 до 2012 година содржани во извештаи на FBI, при што се забележува контрадикторност во извештаите меѓу стотици полициски станици низ земјата, како и дека во изминатите 33 години недостигаат извештаи од полициски станици за познати случаи.Анализата за ризикот на ProPublica за полициските убиства на тинејџери, како што се заклучува, укажува на она што со децении беше само сомневање дека црните млади мажи се почесто жртви отколку остатокот од населението на САД.Жешката дебата во американската јавноста за полициските убиства, особено на црномурести тинејџери одново се разгоре откако на 10-ти август годинава полицаец во градот Фергусон го застрела 18-годишниот Мајкл Браун. Минатата седмица во Сент Луис полицаец кој не бил на должност го застрелал 18-годишниот афроамериканец Вондерит Маерс, откако наводно тој прв испукал куршум кон него. И двата инцидента предизвикаа масовни протести, кои продолжуваат и овој викенд, а некои од нив се претворија во безредија во кои имаше и повредени и притворени, а полицијата употребуваше солзавец и сила за да ги растури демонстрантите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.