Контакт

Вести

Бангладеш: седум мртви во нападите врз автобус

Објавено пред

Противниците на владата на Бангладеш нападнале во вторникот со запаллива бомба врз автобус полн со заспиени патници во источниот дел од државата, при што се убиени седум луѓе, а станува збор за последен во низата политички мотивирани напади коишто ја потресуваат земјата.

dobivaj vesti na viber

„Седум патници загинаа во автобусот по фрлање на запалива бомба околу четири часот наутро. Петмина се борат за живот, со изгореници од 40 до 80 отсто. Пренесени се во болница во главниот град“, изјавил за AFP началникот на полицијата во областа Тутул Чакрабарти.

Покрај седумте жртви, уште неколку патници се тешко повредени во нападот извршен во областа Чудограм, кој се припишува на Бангладешката национална партија којашто се смета за националистичка а ја води поранешната премиерка Халеде Зиоја којашто се обидува да ја урне владата на актуелната премиерка Шеика Хасин/

Со овие жртви на 53 се зголеми бројот на убиените лица, повеќето во напади со молотови коктели врз автобуси и камиони, од почетокот на блокадата на сообраќајот кој од почетокот на јануари го спроведува опозицијата за да изврши притисок за одржување предвремени парламентарни избори.

Властите, пак, настојуваат опозициската челничка којашто не излегува од својата канцеларија од 3-ти јануари, да се откаже од блокадата на сообраќајот и да го прекине насилството.

Бангладеш станал дел од Пакистан кога е укината британската колонијална управа во 1947 година. Тогаш се нарекувал Источен Пакистан, меѓутоа со помош на Индија во деветмесечната војна против Западен Пакистан, се избори за независност. Џамат-е-Ислами и некои други партии се противеа на отцепувањето од муслиманскиот Пакистан.

Непријателствата во Бангалдеш траат по војната од 1971 година којашто заврши со создавање на државата Бангладеш, а станува збор за покраина која од 1947 година беше во состав на Пакистан, и се нарекуваше Источен Бенгал а подоцна и Источен Пакистан.

Премиерката Шеика Хасина Вазед го воспостави Специјалниот суд за воени злосторства во 2010 година, откако првиот обид за судење на осомничените за убиства беше прекинат во 1975 година кога беше убиен Шеик Маџибух Рахман, втемелувач на државата Бангладеш и татко на сегашната премиерка.

Специјалниот суд досега подигна обвинение против 18 лица, главно од партијата Џамат-е-Ислами, по разни точки а смртни казни се изречени за 11 од нив. Партијата Џамат-е-Ислими се противеше на независноста во текот на конфликтот, а споменатите процеси ги отфрла како политички мотивирани.

Во текот на интервенцијата на Индија кон крајот на судирите во 1971 година, која што го најави брзиот пораз на пропакистанските сили, милициите кои беа наклонети кон Исламабад масакрираа десетици познати професори, режисери, уметници, лекари и новинари. Владата во 2010 година го формираше судот ICT и истакна дека тие процеси се неопходни за да се затворат сé уште отворените рани од војната за независност. Меѓутоа, исламистичката партија Џамат-е-Ислам ја обвинува владата дека го основала овој од политички мотиви, бидејќи најмногу им се суди на претставници на опозицијата. Организацијата Human Rights Watch ги критикуваше процедурите со кои не се почитуваат меѓународните норми.

На почетокот од август 2013 година судовите ја забранија исламистичката партија Џамат-е-Ислам, одлука која беше донесена пред одржување на изборите закажани за јануари годинава. Џамат ретко добива повеќе од 5 отсто гласови на изборите по 1970 година, но учествуваше во неколку коалициски влади.

Последните неколкуте години политичката и безбедносната ситуација во Бангладеш е влошена во врска судењата на лидерите на најголемата исламска партија во земјата Џамат-е-Ислами кои се обвинети за воени злосторства за време на војната за независност на Бангладеш од Пакистан во 1971 година. Според податоците на владата во војната од 1971 година загинале 3 милиони луѓе, додека независните организации проценуваат дека станува збор за меѓу 300 и 500 илјади жртви. Околу 90 отсто од 153-те милиони жители на Бангладеш се муслимани. Будистите претставуваат помалку од еден отсто од населението и живеат повеќето во југоисточните окрузи, во близина на границата со мнозинскиот будистички Мианмар.

На судење чекаат уште девет членови на партијата Џамат, и затоа на Бангладеш, претежно муслиманска земја, му се закануваат нови бранови насилство./крај/мф/сн

Извор: AFP

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Муцунски: Оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти во каква било форма

Владата е целосно посветена на економскиот развој и на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Градиме партнерства што носат...

Македонија5 часа

Не може потпис на правен акт да е предизвикувач на пожар, рече Шилегов, бранител на државниот советник Шофкет Хазари обвинет во „Пулс“

Нешто повеќе од половина час, денес, во судницата во „Идризово“, адвокатот Петре Шилегов, бранител на државниот советник во Министерството за...

Топ8 часа

(Фото) Претрес во Тетовско, пронајдени дрога, оружје и муниција

Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 30-годишниот Ф.Р. од село Орашје, општина Јегуновце....

Македонија8 часа

Обвинение за таткото и двете ќерки: спречиле службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело спречување службено лице во вршење службено...

Македонија8 часа

(Видео) „Филипче работел на изградба на прифатен центар за мигранти во Македонија“: Лефков објави документи

„Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот...

Топ9 часа

Уапсено лицето што насилно упадна во студиото на „Инфомакс“

Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода 43-годишниот Г. С. од Скопје веднаш по добиената пријава на...

Македонија9 часа

Насилен упад во студиото на „Инфомакс“, ЗНМ бара најстрога санкција за напаѓачот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за...

Топ10 часа

Приведен навивач од Словачка, на 10 други не им беше дозволен влез во државата поради агресивно однесување во авион за време на лет

Вчера околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи...

Европа11 часа

(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници

Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу...

Регион11 часа

Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија; Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од...

Европа12 часа

(Видео) Зеленски: Во руската историја никој никогаш не бил толку зависен од Кина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по извештајот на шефот на киевската служба за надворешно разузнавање, дека Русија и Кина преземаат...

Свет13 часа

Трамп: Поканети сме на состанок во Европа, на кој би учествувал и Зеленски

САД се поканети на состанок во Европа овој викенд, каде што се очекува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави вчера...

Свет13 часа

(Видео) Американците упаднаа на танкер кај Венецуела, објавена снимка: „Транспортира нафта“

САД запленија танкер за нафта крај брегот на Венецуела, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, со што се ескалираа тензиите со...

Македонија1 ден

Градот Скопје обезбедува сопствен стан, шелтер центар за заштита на жртвите од родово базирано насилство

На денешната седница на Советот на град Скопје беше донесена одлука со која се отвора можност еден стан во сопственост...

Свет1 ден

Зеленски: Го финализираме мировниот документ што наскоро ќе им го претставиме на Американците

Претседателот на Украона, Володимир Зеленски вели дека земјата го финализира мировниот документ од 20 точки и ќе го претстави на...

Македонија1 ден

Пазарот на недвижности расте – Аеродром со најмногу склучени купопродажби во првата половина од годината

Пазарот на недвижности во земјава во првите шест месеци од оваа година бележи зголемена динамика, а гледано на територијата низ...

Топ1 ден

Скопјанец го онесвестил брата си со дрвена ногарка по глава и си легнал да спие, ОЈО го гони за обид за убиство

Скопското Обвинителство, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против едно лице, за обид за убиство врз неговиот брат. Обвинетиот 37-годишник,...

Топ1 ден

Уапсени 12 лица од Скопје, купувале оружје и муниција од Косово, го криеле во Сингелиќ и Брест

По неколкумесечна предистражна постапка, денес во раните утрински часови, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење...

Македонија1 ден

ДЗС не е детективска служба да открива нелегални објекти, ги има околу 100.000, рече Шабан Салиу и тврди дека немал ништо со „Пулс“

Актуелниот министер без ресор, Шабан Салиу, обвинет за трагедијата во кочански „Пулс“ како директор на Дирекцијата за заштита и спасување...

Македонија1 ден

Тројца бугарски државјани осомничени за неовластена трговија со македонски народни носии

Основното јавно обвинителство Битола отвори против тројца бугарски државјани, жители на Пловдив, поради основано сомнение дека вршеле кривично дело неовластена...