Спорт
Зидан сакал да биде селектор на Франција

Зинедин Зидан ќе го чека Дидие Дешам да замине од кормилото на француската репрезентација, дотогаш бил подготвен да земе одмор.
Зидан, пред десет дена, втор пат во кариерата, го напушти Реал Мадрид.
Трфејниот тренер се поврзуваше со неколку клубови, но тој нема да брз пред да донесе одлука каде ќе работи.
Извори од Француја тврдат дека бил подготвен да чека колку што е потребно за да седне на француската клупа.
Дидие Дешам има договор со Фудбалскиот сојуз на Франција до завршувањето на Светското првенство во Катар. Ова значи дека Зидан, евентуално би можел да ја преземе Франција во јануари 2023 година.
Дешам ја предводеше Франција до второто место на Европското првенство во 2016 и до првото место на Светското првенство во 2018 година.
Франција е во кругот на најголемите фаворити за титулата на претстојното ЕП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аткисон тренер на сезоната во НБА лигата

Тренерот на Кливленд, Кени Аткинсон ја доби наградата за најдобар тренер на сезоната во НБА.
Во својата прва сезона во Кливленд, а во својата петта сезона во НБА, Аткинсон за прв пат стана освојувач на трофејот „Ред Оербах“. Тој ја освои наградата со 401 поен.
Второто место го освои Џеј-Би Бикерстаф од Детроит со 305 поени, а третото место го освои Име Удока од Хјустон со 113 поени.
Аткинсон ги предводеше Кавалирс со 15 последователни победи на почетокот на сезоната, што беше една од трите низи со најмалку 12 победи.
Тимот направи серија од 16 победи, од 5. февруари до 14. март, што е клупски рекорд.
Кливленд имаше најдобар резултат во Источната конференција со 64 победи и 18 порази.
Тоа е втор најдобар резултат во историјата на франшизата, а Аткинсон стана третиот тренер на Кавалирс кој ја освоил наградата, по Били Фич (1975/1976) и Мајк Браун (2008/2009).
Спорт
Крос: Педри е најдобар на својата позиција во светот
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Реал Мадрид, кој пред една година ја заврши кариерата, Тони Крос, го пофали играчот на Барселона, Педри, за кого рече дека е најдобар во светот на својата позиција.
Реал Мадрид и Барселона се борат на сите фронтови, секој збор на сегашни и поранешни играчи, тренери, членови на управниот одбор, со внимание се слуша, па кога некој ќе излезе и јавно ќе пофали играч на противничкиот тим, како што направи Тони Крос, тоа предизвикува големо внимание.
„Педри е најдобриот играч од средниот ред во моментов од моја перспектива. Генерално, тој е играчот што секогаш ви недостасува кога не е на теренот, без оглед на името на противникот“, рече Крос, а потоа продолжи:
„Не станува збор само за бројот на голови или асистенции, тој едноставно ви дава многу решенија на теренот. Гледав што направи оваа сезона. Во Лигата на шампионите го надигрува противникот 52 пати по натпревар, во Примера перформансите се уште поекстремни бидејќи ги надигрува противниците 59 пати по натпревар. Победува 11-12 одбранбени играчи по натпревар, што е најтешката работа за играч од средниот ред. Затоа, според мене, тој е најдобар. Ако г нема во тимот, сигурно ќе забележите“.
Спорт
Жоржињо се враќа дома

Беше јасно дека Жоржињо нема да остане во Арсенал од следната сезона, но одлуката за новиот клуб е многу интересна.
Италијанскиот репрезентативец, реши да се врати дома, потпиша договор со Фламенго.
Извонредниот играч од средниот ред е роден во Бразил, поточно во Имбитуба. На 15-годишна возраст се преселил во Италија, од каде што потекнува неговиот дедо, па затоа и доби италијанско државјанство.
Веднаш по завршувањето на сезоната, Жоржињо ќе стане играч на познатиот бразилски клуб со кој потпиша договор на три години. Ова не е нова вест, Италијанецот со бразилско потекло веќе долго време преговараше со Фламенго.
Најголема трага Бразилецот со италијански пасош остави во Наполи, каде што помина четири години. Потоа се пресели во Челзи и освои неколку трофеи за пет години на „Стемфорд Бриџ“.