Свет
(Видео) Ким Џонг-ун драстично ослабен, се појавија шпекулации за неговото здравје
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги разгоре понатамошните шпекулации за неговото здравје, откако неодамна објавени фотографии покажуваат дека изгубил од својата тежина.
Kim Jong Un walking into the politburo meeting, from KCTV June 5. Also some hummingbird applause on the left there pic.twitter.com/Cpbum5Txgs
— Colin Zwirko (@ColinZwirko) June 5, 2021
На фотографиите објавени од севернокорејските државни медиуми во саботата, Ким изгледа забележително послаб, според проценката на јужнокорејската новинска агенција Јонхап, пренесува „Гардијан“.
It looks like North Korea’s Kim Jong Un may have lost some weight – here’s why the world watches his waistline https://t.co/jh26YuR1ou pic.twitter.com/YBVvLfGrzh
— MSN (@MSN) June 8, 2021
Порталот НК Њуз од Сеул, кој ги анализираше фотографиите на кои Ким се обраќаше на состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија на крајот од минатата недела, наведува дека претседателот на Северна Кореја се чини дека „значително изгубил тежина“.
Тоа беше првото јавно појавување на Ким во последниот месец.
Порталот вчера објави зголемени фотографии, кои сугерираат дека Ким, за кого се верува дека има 37 години, дополнително го затегнал ременот на својот омилен часовник, кој наводно вреди 12.000 долари.
Kim Jong Un wrist-watch (pun intended) season 2:
This may seem goofy but Kim’s health is an actual security risk in the region re: potential instabilities it could cause. And @ColinZwirko has proof from open source that Kim may have lost weight.
Details https://t.co/T4dDMVhF13 pic.twitter.com/JwK48NbQJi
— Jeongmin Kim (@jeongminnkim) June 8, 2021
Фотографиите покажуваат дека неговиот лев зглоб е значително потенок отколку на слични фотографии направени во ноември 2020 година и март годинава. Ким, кој е страствен пушач, имал здравствени проблеми, што му се припишуваат на неговата тежина и начин на живот.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја минатата година објави дека се верува дека Ким тежи 140 килограми и дека годишно се здебелувал по 6-7 килограми од доаѓањето на власт на крајот на 2011 година, пренесува НК Њуз.
Сепак, од извештајот на порталот не е јасно дали променетиот изглед на Ким е резултат на болест или свесна одлука за слабеење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мелони: Не би поддржала американски напад врз Гренланд, но тие мора да бидат таму
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, денеска изјави дека не верува оти Соединетите Американски Држави ќе употребат воена сила за анексија на Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал тешки последици за НАТО.
На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека постои потреба од „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и на Гренланд.
„И понатаму не верувам во хипотезата дека Соединетите Американски Држави би покренале воена акција за да ја преземат контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржала“, рече Мелони.
„Тоа не би било ни во интерес на САД“
„Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Мислам дека тоа не би било ни во интерес на Соединетите Американски Држави, да бидам јасна“, додаде италијанската премиерка.
Операцијата на американската војска во која беше соборен лидерот на Венецуела повторно ја поттикна загриженоста околу американските намери кон Гренланд. Белата куќа во вторникот соопшти дека САД разгледуваат повеќе опции за преземање на Гренланд, меѓу кои и употреба на воена сила.
„На сите им е јасно дека тоа значително би влијаело врз НАТО“
Мелони, која важи за една од најблиските европски сојузнички на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека „на сите им е јасно“ оти секој американски потег поврзан со Гренланд би имал значително влијание врз НАТО. Таа додаде дека токму тоа е причината зошто не верува дека Вашингтон ќе ги реализира своите закани.
Сепак, истакна дека е важно НАТО да го засили своето присуство во арктичкиот регион, како и да ја разбере загриженоста на САД околу потребата од спречување на „прекумерно мешање на други актери кои би можеле да бидат и непријателски расположени“.
Свет
Писмо од Трамп до Орбан: поддршка пред изборите во Унгарија
Американскиот претседател Доналд Трамп му посакал многу среќа на унгарскиот премиер Виктор Орбан, долгогодишен сојузник, во неговата изборна кампања, во писмо што Орбан го објави на својата „Фејсбук“ страница.
Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа на 7 ноември, каде што Трамп му одобрил на Орбан едногодишно изземање од американските санкции за руската енергија, со што бил спречен пораст на цените што сериозно би го погодил унгарското стопанство, изјави Орбан.
Во своето писмо, Трамп наведува дека храброто водство на Орбан служи како пример за остатокот од светот. Тој додава дека со нетрпение очекува продлабочување на соработката во областа на одбраната, енергетиката и илегалните миграции.
„Отсекогаш цврсто ги браневте принципите што ја прават Унгарија толку извонредно место – верата, семејството и суверенитетот“, напишал Трамп во писмото од 10 декември.
Свет
Половина Киев без греење по тешкиот напад; Кличко: Ако можете, напуштете го градот
Половина од станбените згради во Киев, речиси 6.000, моментално се без греење откако клучната инфраструктура на главниот град беше тешко оштетена во голем руски напад. Градот се соочува и со прекини во водоснабдувањето, пишува Украинска Правда.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека синоќешниот комбиниран напад бил најтежок досега за клучните инфраструктурни објекти на главниот град.
„Комуналните служби ги поврзаа социјалните објекти – особено болниците и породилиштата – на мобилни котларници. Заедно со енергетичарите работат на враќање на струјата и греењето во домовите на жителите на Киев“, рече Кличко.
In Kyiv and the region, the aftermath of the massive Russian strike is still being dealt with. All necessary services are deployed. Twenty residential buildings alone were damaged. Recovery operations after the strikes also continue in the Lviv region and other regions of our… pic.twitter.com/AMkwfKHOkC
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) January 9, 2026
„Градските служби работат во вонредни услови. За жал, за наредните денови се прогнозираат тешки временски услови“, додаде градоначалникот, упатувајќи апел до граѓаните.
„Исто така апелирам до жителите на главниот град кои имаат можност привремено да го напуштат градот и да заминат некаде каде што постојат алтернативни извори на струја и топлина, да го сторат тоа“, заклучи Кличко.
Нападот започнал во вечерните часови на 8 јануари, кога во Киев се слушнале експлозии предизвикани од руски напади со дронови. Во населбата Десњански, беспилотно летало погодило покрив на станбена зграда.
Потврдено е дека во рускиот напад врз Киев загинале четири лица. Поради оштетување на надземната мрежа и прекините во снабдувањето со електрична енергија во Киевската област, регистрирани се и доцнења во сообраќајот на дел од патничките возови. До утрото на 9 јануари, повеќе од 500.000 потрошувачи во градот Киев и околната област останале без електрична енергија.

