Македонија
Шилегов на маалска средба со граѓаните на Гази Баба

Членот на Извршниот одбор на СДСМ и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, вечерва беше на маалска средба со граѓаните на Гази Баба како дел од серијата теренски активности „Најдоброто за нашата општина“.
„ СДСМ постојано е со граѓаните и меѓу граѓаните, каде што е нашето место, презентираме што е сработено, но исто така и ги слушаме сугестиите на граѓаните за што може дополнително да се направи во наредниот период, Дали станува збор за локално или централно ниво СДСМ е најдобриот избор на граѓаните. Најдобриот затоа што сите општини се развиваат рамномерно, затоа што СДСМ има визија и концепт, затоа што реализирани се над 63 отсто од проектите кои СДСМ ги вети во изборните програми. Затоа што владата предводена од СДСМ во минатите 4 години инвестираше над 11.5 милиони евра во над 32 км патна инфраструктура во општина Гази Баба“, посочи Шилегов.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов наведе дека и во Гази Баба и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти.
„ Градиме нов мост на Вардар кој ќе ги поврзува Гази Баба и Аеродром, важен капитален проект не само за овие две општини туку и за цело Скопје. Ги реконструиравме булеварот Александар Македонски и улицата Благоја Стефковски, расчистивме бројни диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Гази Баба“, посочи Шилегов
Шилегов истакна дека СДСМ као и на секои избори па така и на претстојните ќе понуди најдобра кадровска и програмска понуда и тоа ќе биде препознаено од граѓаните.
СДСМ ги интензивира активностите на терен за да биде уште поблиску до граѓаните, за заедно со граѓаните создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина за секој град.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: СДС, ДУИ и Левица се осојузиле поради слепата желба за власт и омразата кон ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот народен митинг во Долнени, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година. Мицкоски истакна дека на овие избори има две коалиции, едната на непринципиелни основи СДС-ДУИ- Левица и од другата страна ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои се борат за подобра иднина на граѓаните, трета опција нема.
„На овие избори имаме две опции, две понуди, едната понуда е коалицијата којашто е создадена на основа на непринципиелни релации помеѓу коалиционите партнери. Врз основа на слепата желба за власт, слепата желба за привилегии, но истовремено тоа што претставува главна точка на поврзување помеѓу овие политички во таа некаде формална а некаде неформална коалиција е гневот и омразата којшто тие го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е коалицијата којашто ја сочинуваат СДСМ-ДУИ и Левица. Венко Филипче, Димче Апасиев и Али Ахмети се осојузиле поради слепата желба за власт и гневот и омразата којашто ја имаат кон ВМРО-ДПМНЕ. И втората коалиција којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се двете опција коишто граѓаните ќе ги имаат пред себе на следните избори. Трета опција нема“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски посочи дека коалицијата на СДС-ДУИ, 7 години ја уназадуваа државата додека ВМРО-ДПМНЕ изминатите 15 месеци ги гради темелите на државата и се бори за подобра иднина на граѓаните.
„Првата е коалиција да се вратиме назад во времето кога се ограбуваше државата која се ограбуваше народот буквално, кога се живееше на товар на народот и државата кога истата се распродаваше се засрамуваше. И Втората коалиција којашто е ВМРО-ДПМНЕ којашто живее заедно со народот за државата за Македонија којашто живее за иднината на граѓаните и Македонија и којашто овие 15 месеци секој ден, буквално секој ден 7 дена во неделата работеше по 15 часа на ден за да може да се исправи сето она што претходно беше погрешно направено од коалицијата СДС ДУИ. 15 месеци бевме буквално посветени на зајакнување на темелите коишто беа разурнати. Неисплатени плати, неисплатени субвенции. Целта на овие партии е само да се доберат до фотелјите и потоа да продолжат да ја уништуваат оваа наша заедничка татковина Македонија“ истакна Мицкоски.
Мицкоски повика на 19 октомври граѓаните да гласаат за бројот 9 за поквалитетен живот, за напредок и развој на државата.
„Ве повикувам сите да излезете на 19 октомври да го заокружете бројот 9, да гласате за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата затоа што само така може да зборуваме за иднина, за развој на општините и Македонија“ заклучи Мицкоски.
Македонија
Сиљановска-Давкова-Бегај: Членките на ЕУ сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на Унијата

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“, оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на којашто го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ и отворањето на петтиот од вкупно шесте кластери.
Соговорниците разговараа за досегашниот тек на преговорите меѓу Албанија и Унијата и начинот на нивното менаџирање.
Претседателот Бегај истакна дека дел од земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ. Тој изрази подготвеност за помош и поддршка во процесот на македонската евроинтеграција, додавајќи дека членството во ЕУ гарантира владеење на правото, заштита на човековите права и јакнење на демократскиот капацитет.
На средбата, обајцата ја повторија потребата од негувањето на меѓусебното партнерство на мултилатерален план. Истовремено, се согласија дека треба да се прошири и продлабочи соработката на сите полиња.
Македонија
Утре, без вода делови од скопски Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( Вторник ) поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот. (општина Аеродром )