Македонија
Биди победник на ЕУРО: Обложувај се на најголеми квоти, навивај за голови, испиј пиво и наплати тикет дури и кога ќе промашиш – MOZZART
Mozzart подготви бројни изненадувања за време на Европското фудбалско првенство…
Италија и Турција вечерва во Рим го отвораат Европското првенство во фудбал, кое нема да биде нималку слично како на претходните – поради фактот што поради пандемијата со коронавирусот доцни 12 месеци и ќе се игра ширум Стариот континент, но и поради тоа што навивачите на најголемиот број на натпревари ќе можат да присуствуваат во ограничен број.
Една најважна работа исто така нема да биде иста како претходно. Македонија ќе игра на ЕУРО, а Mozzart повторно се потруди да го направи ова натпреварување поинтересно на своите играчи и да понуди можност за одлична заработувачка.
Секојдневно букмејкерите на Mozzart подготвуваат пријатни изненадувања за играчите во вид на натпревари на кои квотите во Mozzart се најголеми на свет. Таа пракса нема да се промени ниту за време на ЕУРО 2020 – следете ја понудата секој ден и искористете ја можноста да уплатите тикет со најголемите квоти на свет.
НАПЛАТИ ГО НАЈГОЛЕМОТО ПРОМАШУВАЊЕ Mozzart ова лето ти нуди можност да освоиш 50.000 денари секој ден за време на Европското првенство. Сè што е потребно да направиш е да го ПРОМАШИШ ТИКЕТОТ.
За што се работи? За време на Европското фудбалско првенство, тикетот со најголема погодена квота, а со само еден промашен пар, освојува 50.000 денари. И така секој ден! Тикетот мора да содржи најмалку четири парови кои се играат тој ден, при што еден пар од тикетот задолжително мора да биде од Европското првенство во фудбал.
МИЛИОН ПРИЧИНИ ЗА ГОЛ
Македонската фудбалска репрезентација испиша историја и овој месец за прв пат ќе игра на Европското фудбалско првенство. Еуфоријата расте и цела Македонија со нетрпение ги очекува натпреварите на кои со цело срце ќе ја бодри нашата репрезентација. За целата оваа фудбалска бајка да биде уште поубава, се погрижи Mozzart. Mozzart за секој гол на Македонија на првенството, донира по МИЛИОН денари во хуманитарни цели.
КВОТА 24 ЗА 24 ПИВА
Зарем има подобар начин од тоа да го поминете летото гледајќи репрезентативен фудбал, со ладно пиво и тикети со вашите добитни комбинации? Совршено! Дополнително, за прв пат ќе имаме можност да навиваме за Македонија на Европското првенство и да ја бодриме нашата репрезентација!
Mozzart ви нуди единствена можност да добиете пакет од 24 пива Скопско за време на Европското фудбалско првенство! Како до нив? Прочитајте на овој линк.
НОВИ ИГРИ
Во пресрет на ЕУРО 2020, Mozzart ја збогати понудата на фудбалски игри, па сега ќе можете да уплатите тикет со многу нови комбинации. На пример I0-1&II0-1 (Вкупниот број на голови ќе биде најмногу 1 во прво полувреме и најмногу 1 во второ полувреме) или GG&I1+ (Двата тима ќе постигнат минимум по еден гол и вкупниот број на голови во првото полувреме ќе биде најмалку 1)… Секако, квотите на новите игри се сјајни, а нив ќе ги препознаете по посебна боја на веб страната mozzartbet.mk.
СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА
Доколку сакате специјални игри, Mozzart е за вас вистинското место ова лето. Кој ќе го освои Европското првенство, кој ќе испадне во групи, кој колку голови ќе постигне… На сè тоа можете да се обложувате во Mozzart и добро да заработите.
Играј на ЕУРО во Mozzart. Биди победник.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза
Март е месец посветен на подигнување на свеста за ендометриозата – време да зборуваме отворено, да ги разбиеме митовите и да ги охрабриме жените да побараат помош, велат од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).
Ендометриозата е хронична болест при која ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) расте надвор од матката, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш неплодност.
Се проценува дека околу 190 милиони жени и девојки во репродуктивна возраст (околу 10%) во светот се погодени од оваа состојба.
Дијагнозата често доцни – во просек од 8 до 12 години од појавата на првите симптоми. Причина за ова е што болката често се смета за „нормален дел од менструацијата“, а многу жени не бараат медицинска помош навреме.
Ендометриозата може значително да го намали квалитетот на живот, да влијае на менталното здравје и работната способност, а кај 25–50% од жените со неплодност е присутна ендометриоза.
Митови и факти за ендометриозата
Мит: Силната менструална болка е нормална.
Факт: Болка која ве спречува во секојдневните активности не е нормална и бара медицинска проценка.
Мит: Само постари жени имаат ендометриоза.
Факт: Ендометриозата може да започне уште во адолесценција.
Мит: Ако имате ендометриоза, нема да можете да забремените.
Факт: Многу жени со ендометриоза успешно забременуваат, особено со соодветен третман.
Мит: Болеста се лекува со бременост.
Факт: Бременоста може привремено да ги намали симптомите, но не ја лекува болеста.
Зошто е важно раното препознавање?
Раното препознавање и соодветниот третман можат да помогнат во:
• намалување на хроничната болка
• подобрување на квалитетот на живот
• зачувување на репродуктивното здравје
• намалување на компликациите
Достапните третмани вклучуваат медикаментозна терапија, хормонска терапија и хируршки третман, во зависност од симптомите и индивидуалните потреби на пациентката.
Ниту една жена не треба да живее со хронична болка како „нормална“.
Препознавањето на симптомите, навременото обраќање кај гинеколог и информираноста се клучни чекори за рана дијагноза и подобар квалитет на живот.
Македонија
Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица: нов чекор кон фер услови за работа и формализација на сезонскиот труд
ФЕР АНГАЖМАН
Со усвојувањето на Законот за работно ангажирање на лица, државата прави значаен исчекор кон унапредување на условите за сезонска и повремена работа, јакнење на социјалната заштита и намалување на неформалната економија.
Законот воспоставува јасна и поедноставена рамка за легално ангажирање лица за работи од сезонска или повремена природа, со што се овозможува регулирање на правата и обврските на ангажираните лица и работодавачите, како и воведување на дигитализирана постапка за пријавување и плаќање.

Со новото законско решение, ангажираните лица добиваат пристап до основни трудови и социјални права, вклучително и пензиски придонеси, осигурување во случај на повреда на работа и правна заштита, при што истовремено се задржуваат постојните социјални бенефиции. Од друга страна, работодавачите добиваат можност за брза електронска регистрација, намалување на административниот товар и поголема правна сигурност.
Законот е особено значаен за секторите со висок степен на неформално вработување, како што се земјоделството, туризмот и угостителството, и претставува основа за создавање пофер, потранспарентен и поинклузивен пазар на труд.
Ова законско решение е резултат на заеднички напори на релевантните институции и партнерските организации, во рамки на проектот „Подобри услови за вработување на сезонски работници во Северна Македонија“, имплементиран од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) и Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), во соработка со Министерството за економија и труд и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Законот за работно ангажирање на лица претставува важен чекор кон формализација на трудот, јакнење на институционалната ефикасност и создавање одржливи и фер услови за сите учесници на пазарот на труд.
Повеќе информации за законот и начинот на негово користење се достапни на: av.gov.mk
Во наредниот период, во рамки на кампањата ќе се реализираат информативни сесии низ целата држава, каде работниците и останатите засегнати страни ќе имаат можност директно да се информираат и едуцираат за новите можности што ги носи законот. Првата информативна сесија е закажана за 4 март, 2026 во просториите на Општина Тетово, со почеток од 12:00ч.
За најнови информации, активности и корисни содржини, следете ги каналите на Центарот за истражување и креирање политики
https://www.facebook.com/crpm.org.mk
https://www.instagram.com/crpm.mk/
ПР
Македонија
Дебакл на Мицкоски, историски пад на странските инвестиции за 729 милиони евра, велат од СДСМ
„Драматчен пад на странските директни инвестиции во 2025 година од 61% покажуваат последните економски податоци на Народна банка. Со Христијан Мицкоски на чело на Владата, во 2025 година има намалување на странските инвестиции за огромни 729 милиони евра во споредба со 2024 година“, велат од СДСМ.
„Поради политиките на СДСМ, во 2024 година странските директни инвестиции изнесуваа 1 милијарда и 196 милиони евра, додека во 2025 година со Мицкоски тие се сведени на само 467 милиони евра. Дебакл.
Но, затоа има пари за криминални тендери, 161 тендер за една фирма, 51 за втора, 74 тендери за трета фирма блиска до власта. ВМРО-ОКГ се грижи само за својот приватен бизнис.
За време на владите на СДСМ, беа отворени 16 нови фабрики како резултат на директни странски инвестиции – гиганти. Се генерираа над 10.000 нови работни места само во технолошко-индустриските развојни зони.
Што се случува сега со Мицкоски и ВМРО-ОКГ? Има историски пад на инвестициите и губење на илјадници работни места. Германскиот гигант Aktiv официјално потврди дека се повлекува од Скопје, оставајќи 400 – 500 работници без работа. Во фабриката на Dura се кратат производни линии. Magna го стопираше своето претходно најавено ширење. Илјадници работни места се под сериозен ризик.
Ова е резултат на погрешните политиките на Мицкоски и ВМРО-ОКГ за изолација и криминални тендери за богатење на функционерите на власт.
Наместо да се занимаваат со економијата, тие преку своите медиуми се занимаваат со црна кампања и лажни афери. Нема интеграција – следи економска изолација“, соопшти СДСМ.

