Македонија
Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.
Регистрирани се 30 оздравени пациент од: Скопје – 21, Куманово, Прилеп и Виница – по 2, Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.
Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63г и 78г), двајцата се починати во болнички услови.
Направени се 2.885 тестови преку: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-31, ЦЈЗ Битола-57, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–21, МАНУ-54, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Авицена-320, Биотек-514, Систина-129, лабораторија Лаор-197, Синлаб-28, Ремедика-30, Плодност–46, Генеа–78, Никоб лаб-307, ВФВ Медикал-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 565.
Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68604, Активни 189
Куманово 8867, Активни 53
Прилеп 8316, Активни 31
Тетово 7226, Активни 23
Битола 6303, Активни 17
Велес 5469, Активни 2
Гостивар 5180, Активни 15
Кавадарци 5153, Активни 0
Охрид 5009, Активни 17
Штип 4959, Активни 2
Струмица 4113, Активни 7
Струга 2981, Активни 4
Кочани 2791, Активни 4
Кичево 2571, Активни 21
Гевгелија 2195, Активни 3
Неготино 2184, Активни 4
Свети Николе 1523, Активни 2
Ресен 1234, Активни 1
Крива Паланка 1222, Активни 2
Радовиш 1161, Активни 7
Берово 1029, Активни 0
Делчево 972, Активни 4
Дебар 940, Активни 1
Виница 886, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 1
Демир Хисар 400, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 376, Активни 3
Македонски Брод 359, Активни 1
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 2
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Големи колони на границата со Грција пред празникот

Големи колони на возила можат да се забележат вечерва на граниниот премин „Богородица“ кон Грција.
Со оглед на тоа што утре е неработен ден, 1. Мај, голем број грѓани се упатија кон туристичките места.
Како што може да се забележи на видео камерите, на останатите гранични премини нема големи задржувања.
Македонија
Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов и бара одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого казнат можните сторители.
„Најостро го осудувам палењето на куќата на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Му давам целосна поддршка во неговата истрајност и борба против криминалот и корупцијата. Овој случај како и неколкуте други случаи поврзани со лицата вработени во УИС и затворите, бараат одлучна акција во која ќе се утврдат причините и најстрого ќе се казнат можните сторители“, вели Филков.
Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, претходно, на социјалните мрежи објави дека му бил запален домот. Нема да не запрат и нема да не поколебаат, напиша тој.
Македонија
Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање за реакција и помош. Го известиле дека последна плата која ја земале е фебруарската плата и одтогаш немаат никакво примање.
„Веќе сме мај, а овие вработени се оставени без примања и навистина сум запрепастен до каде ќе се оди со непрофесионалноста во ова раководство на Градот и кадрите кој ги поставува?! Вработените од утре ќе бидат и без здравствено осигурување !!! Поминаа празници како 8ми Март, Рамазан Бајрам , Велигден на праг е и 1ви Мај а вработените се оставени и заборавени замислете да им се исплати плата !!! Цели фамилии страдаат од нечија непрофесионалност!“, напиша Кирков на социјалните мрежи.
Тој ги проѕва Град Скопје , Данела Арсовска и Зоран Попов сигнализирајќи и дека состојбата може да доведе до протести.