Економија
Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје
Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност. Очекувам за 3-4 месеци овде, веќе да се гради. За важноста на овој проект за нашата земја, за граѓаните, за стопанството, за бизнисот е зборувано многупати. Тој е дел од Коридорот 8 и железничкото поврзување на нашите две земји е взаемен влог во европската агенда за поврзување на целиот регион, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија.
Папукчиски искажа благодарност за брзата реакција и изразената подготвеност за продолжување на редовни работни состаноци за изградба на железничката линија Софија-Скопје.
„ Овој проект ќе обезбеди оперативна компатибилност на инфраструктурата, опремата, системите за управување, експлоатација и безбедност, како и поврзување со европските железнички мрежи преку примена на унифицирани стандарди и во согласност со барањата на Трансевропската транспортна мрежа. Во моментов, железничката линија Софија – Перник – Радомир – Ѓуешево има вкупна должина од 139 километри. Брзината во делот варира од 70 до 100 километри на час, со одредени ограничувања од 40 до 75 километри на час. По спроведувањето на проектот очекуваме брзината да достигне 130/160 километри на час. Да си посакаме плодна работа и да се потсетиме дека при изградбата на железничките пруги нашите предци знаеја дека градат историја“, рече Папукчиски.
Локвенец и Папукчиски искажаа силни заложби за вложување на професионалните компетенции, желба и одговорност за реализација на железничката линија којашто ја преминува границата меѓу Бугарија и Северна Македонија – тунелот Деве Баир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

