Свет
(Видео) Кралицата со лидерите на Г7
Британската кралица Елизабета синоќа беше домаќин на европските лидери по состанокот на Самитот Г7.
Покрај кралицата, на приемот присуствуваат принцот Чарлс и војвотката Камила, како и принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
На приемот пристигнаа британскиот премиер и неговата сопруга Кери, а подоцна американскиот претседател и прва дама Џозеф и Џил Бајден, канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател и прва дама Емануел и Брижит Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги, германската канцеларка Ангела Меркел.
Лидерите се собраа синоќа за првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус.
Американскиот претседател објави фотографија на лидерите со кралицата на својот профил на Твитер и напиша: „Демократијата се врати“.
Diplomacy is back. pic.twitter.com/27D316PAqB
— President Biden (@POTUS) June 11, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал
Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН.
Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја објави одлуката на Телеграм. Функцијата привремено ја извршува заменик-министерот за правда задолжен за европски интеграции, Људмила Сугак.
Галушченко, кој претходно беше министер за енергетика, е под истрага, соопшти вчера неговото министерство. Не беше прецизирано дали тие се поврзани со истрагата за корупција во енергетскиот сектор што ја отвори Националната антикорупциска служба на Украина (НАБУ).
НАБУ и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) објавија нови аудио снимки од разговори меѓу учесници во шема на измама од големи размери во „Енергоатом“ АД. Герман Галушченко е веројатно меѓу нив.
Шефот на главната детективска единица на НАБУ, Александар Абакумов, изјави дека, според истражителите, тој ја водел криминалната организација „Карлсон“, која ги контролирала активностите на таканаречената „перална“ – за средства добиени на криминален начин. Утрото на 10 ноември, детективите на НАБУ извршиле претреси во домот на бизнисменот и ко-сопственик на студиото „Квартал 95“, Тимур Миндич, бизнис-соработник на претседателот Володимир Зеленски.
Регион
Ужас во Грција: човек затворил 58 мачки и ги мачел, осуден на 1,7 милиони евра казна
Грчки суд изрече казна од 1,7 милиони евра за суровост кон животните.
По дојава од минувачи, грчката полиција наишла на затвор за мачки. 68-годишен Грк затворил 58 мачки во трошна зграда. Ги оставил без храна, вода и ги мачел. Уапсениот човек им рекол на властите дека собирал животни скитници бидејќи бил чувствителен на нивната тешка состојба.
Неговите адвокати се обидоа да го претстават како ментално болен, но експертите на судот докажаа дека тој бил свесен за своите постапки.
За првпат, суд изрече казна од 1,7 милиони евра поради екстремната суровост на делото, коментираат адвокатите.
Судиите, исто така, ги забележаа претходните нечовечки и сурови дела на обвинетиот кон кучињата.
Животните се сместени во засолниште и за нив се грижи соопшти Сојузот за заштита на животните.
Регион
Борисов: Имаме предложено име за посебен управител во ‘Лукоил’, чекаме Радев да се изјасни
Чекаме претседателот Радев да донесе одлука – да стави вето или да го усвои законот, имаме име за посебен управител во Лукоил, тоа е договорено со партнерите, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, пред новинарите во парламентот.
Според него, единствената улога на шефот на државата е да стави вето на законот или да го донесе, а не да дава совети.
„Знам зошто го направи тоа, беше иритиран од писмо што му го испратив доверливо“, рече Борисов, без да даде детали.
„Можам да го уверам претседателот Радев дека секоја акција што ја преземаме е координирана со Европската комисија, OPAC и Министерството за енергетика на САД. Затоа, сè што барам е да проговори“, додаде Борисов, цитиран од БГНЕС.
Според него, доколку Радев не стави вето, веднаш ќе биде назначен управител.
„Сè е во ред – имаме бензин шест месеци, дизел четири, керозин два месеци“, објасни понатаму лидерот на ГЕРБ.
Борисов беше категоричен дека Пеевски нема да ја земе рафинеријата, исто како што нема да ја земат Кирил Петков и Асен Василев.

