Свет
Кит проголтал ловец на јазтози, па го исплукал речиси неповреден
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/063_1153747977.jpg)
Aмерикански ловец на јастози беше проголтан од кит додека нуркаше, но набрзо го плукна, оставајќи го речиси неповреден.
Мајкл Пакард поминал 30-40 секунди во устата на морскиот гигант во близина на брегот на државата Масачусетс, пишува Би-Би-Си.
На крајот, Пакард претрпел само повреда на коленото.
Ловецот на јастог за медиумите изјави дека почувствувал удар и одеднаш сè се затемнило, откако скокнал од својот брод во вода во опремата за нуркање.
Мислел дека е нападнат од една од големите бели ајкули кои пливаат во областа, но потоа допирал околу него и сфатил дека животното нема заби.
„Тогаш сфатив: Боже, јас сум во устата на кит и тој се обидува да ме проголта. Тоа е тоа, ќе умрам“.
Пакард раскажа дека во моментот мислел на неговата сопруга и двајцата синови, на возраст од 12 и 15 години.
„Тогаш китот исплива на површината и почна да ја тресе главата. Ме фрли во воздухот, а јас паднав во водата. Бев слободен и само лебдев така. Не можев да верувам. Жив сум да ја раскажам приказната“, рече тој.
Друг член на екипажот на бродот, кој очајнички гледал во водата, барајќи знак дека Пакард е жив, го извлекол на пловилото.
Пожарникарите потврдија дека добиле повик за помош на повреден ловец на јастог на градската плажа.
Новинарите го интервјуираа Пакард откако тој беше пуштен од болницата во Кејп Код.
И покрај молбите на неговата сопруга, 56-годишниот Пакард нема намера да ја напушти работата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Русија спречи напад на Украина во областа Курск
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/8-3.jpg)
Руските вооружени сили спречија обид за напад на украинските сили во областа Курск, објави денеска „РИА новости“.
Руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили се обиделе да нападнат во правец на населбите Черкаси Конопелка и Уланок и претрпеле загуби.
Украинските војници распоредија два механизирани баталјона на оклопни возила и изведоа неколку бранови напади, меѓутоа, според соопштението на ресорното министерство, руските војници бргу го идентификувале непријателот и со поддршка на авијацијата им нанеле сериозна штета.
Свет
Бил Гејтс се залага за продолжување на работата на УСАИД
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/06/bil-gejts-2.jpg)
Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и шефицата на кабинетот на Трамп, Сузи Вајлс, изјави дека го поддржува продолжувањето на работата на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Гејтс рече дека се сретнал со Трамп во Белата куќа за да се заложи за продолжување на исплатите на странска помош со кои управува УСАИД, објави „Ен-би-си њуз“.
Гејтс, кој беше коосновач на непрофитната фондација „Гејтс“ во 2000 година, истакна дека бил на терен со УСАИД велејќи дека работата на Агенцијата обезбедила неверојатни придобивки.
УСАИД е основана 1961 година и е една од најголемите официјални агенции за помош во светот и има мисии во повеќе од 100 земји, пред сѐ, во Африка, Азија, Латинска Америка, Блискиот Исток и во Источна Европа.
Трамп на почетокот на февруари потврди дека ќе ја укине УСАИД откако неговата администрација објави дека размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот, со цел да го намали бројот на вработени во Агенцијата и да ги усогласи нејзините трошоци со политиката на Трамп – „Америка на прво место“.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/3-5.jpg)
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.