Вести
Ирак ќе бара од НАТО помош во обуката на безбедносните сили

– (Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, премиерот на Ирак Хајдер ал-Абади и државниот секретар на САД Џон Кери
Ирак планира да побара помош од НАТО во обуката на соите безбедносни сили, соопштија во средата од Алијансата, неколку месеци откако ирачката војска едноставно се распадна на почетокот од јуни кога ненадејно започна офанзивата на џихадистите од Исламската држава.
Ирак планира да побара помош од НАТО во обуката на соите безбедносни сили, соопштија во средата од Алијансата, неколку месеци откако ирачката војска едноставно се распадна на почетокот од јуни кога ненадејно започна офанзивата на џихадистите од Исламската држава.
Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади го информирал на средбата во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за плановите на Багдад, изјави Она Лунгеску, портпаролката на Алијансата.
Во Брисел во средата се одржа министерскиот состанок на коалицијата за борбата против Исламската држава по којашто беше соопштено дека кампањата на меѓународната коалиција против Исламската држава почнала да покажува резултати, како и дека напредувањето на џихадистие во Ирак и во Сирија постепено се запира.
На овој состанок ирачкиот премиер ал-Абади говорел за планот на неговата влада да ја победи Исламската држава комбинирајќи ги безбедносните, политичките и економските мерки.
Амбасадорите во НАТО ќе одговорат на барањето на Ирак, штом ќе го примат формалното барање. Ирак бара помош од НАТО во „изградбата на капацитетите на одбраната“ што може да претпоставува поставување советници во безбедносните министерства, но и целосна воена обука.
Алијансата претходно имаше тим кој ги обучуваше ирачките безбедносни сили, но тој беше повлечен од земјата кон крајот на 2011 година, кога не се успеа да се постигне никаков договор според кој силите на НАТО легално би останале во земјата, односно не беше договорена правната рамка и под чија јурисдикција ќе потпаѓаат странските војници. Северноатлантската воена алијанса со месеци најавува дека е подготвена да го разгледа тренингот на ирачките сили, доколку Багдад упати официјално барање./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.