Црна хроника
Teтовец приведен за физички напад врз мајка си

Тетовец бил приведен синоќа околу 1 часот по полноќ, поради напад врз неговата мајка.
„Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(27) од тетовско село, поради постоење основи на сомнение дека на 12.06.2021 околу 18 часот физички ја нападнал неговата мајка“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична против маж од Гостивар: поради незадоволство од судска одлука се заканувал на судија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Љ.О.(66) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 29.04.2025, поради незадоволство од судска одлука, пријавениот упатувал закани на М.П. – судија во Основен суд Гостивар во неговата куќа во с.Вруток, гостиварско.
Црна хроника
Ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот: кривична пријава против 22-годишна жена од Македонска Каменица

СВР Штип поднесе кривична пријава против 22-годишната Л.С. од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.
На 27.04.2025 во семејниот дом, пријавената физички ги нападнала свекрвата, золвата и сопругот, по што се обидела со остар предмет да го нападне сопругот.
Црна хроника
Судир меѓу „голф“ и мопед: малолетник со тешки повреди пренесен во градската болница

Вчера во 13.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од улицата „Натанаил Кучевишки“ и улицата „Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишниот Н.Д. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.