Европа
(Видео) Бајден неколкупати ги помеша Либија и Сирија
Зборувајќи за можноста за соработка со Русија во обезбедувањето хуманитарна помош за земјите погодени од конфликти, американскиот претседател, Џозеф Бајден, се збуни и ги помеша Либија и Сирија, и тоа не еднаш, туку трипати.
Бајден рече дека Соединетите Американски Држави може да работат заедно со Русија во Либија, а потоа рече дека Русија со својата интервенција во Сирија загризала повеќе отколку што може да проголта, после тоа повторно спомнувајќи ја Либија во истиот контекст, наведува „Фокс њуз“.
„Сè додека тие немаат можност да воведат некаков ред во регионот, тоа не може да се направи, без да им се обезбедат основните економски потреби на луѓето. Па се надевам дека ќе најдеме начин да ги спасиме животите на луѓето, на пример, во Либија“, рече Бајден.
Претставници на Белата куќа подоцна рекоа дека тој мислел на Сирија кога ја споменал Либија, но грешката на Бајден предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
„Претпоставувам дека кога се бомбардираат толку многу земји одеднаш, тешко е сето тоа да се следи“, напиша либанската геополитичка коментаторка, Сара Абдалах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украински командант: Русите загубија најмногу војници во 2024 година од почетокот на војната
Руските сили ги претрпеа најтешките загуби во 2024 година од почетокот на војната. Вкупните воени загуби достигнаа 434.000 војници, вклучително и приближно 150.000 загинати во борбите во текот на изминатата година, изјави врховниот командант Олександр Сирски во вчерашното интервју за украинскиот медиум ТСН, пренесува Гардијан.
„Путин загуби повеќе во 2024 година отколку во претходните две години војна заедно“, рече Сирски.
До вчерашниот ден Русија загубила вкупно 818.740 војници од почетокот на инвазијата, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб. Проценката се совпаѓа со проценките на западните разузнавачки агенции и веројатно ги вклучува убиените, заробените, ранетите и исчезнатите. Русија постигна напредок во источна Украина и во регионот Курск во текот на изминатата година, но со големи загуби.
Руските загуби достигнаа рекордни нивоа во ноември и декември, со дневен максимум од 2.030 изгубени војници во ноември, што е највисока дневна загуба од почетокот на руската инвазија во 2022 година. Москва не го открива бројот на своите жртви, иако официјален претставник на Министерството за одбрана неодамна откри дека одделот примил 48.000 барања за идентификација на исчезнатите војници.
Според заедничката истрага на руско Би-би-си и „Медиазоне“, новинарите ги идентификувале имињата на 88.726 руски војници кои загинале за време на инвазијата на Украина. Според овие извори, 2024 година би можела да биде најсмртоносната година на војната, со во моментов повеќе од 20.000 потврдени смртни случаи во изминатите 12 месеци, иако конечните бројки сè уште се собираат.
Во декември, украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека Украина изгубила 43.000 војници на бојното поле од почетокот на инвазијата, тема за која често не разговара. Олександр Сирски на прашањето за украинските загуби генерално одговори, само рече дека тие се многу помали од руските. Доколку продолжи ваквото темпо на руски загуби, се очекува во следните шест месеци да бидат изгубени над еден милион војници.
Европа
Украинците тврдат дека синоќа собориле 33 руски беспилотни летала
Украинската противвоздушна одбрана собори 33 од 50-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Тие наведуваат дека 9 беспилотни летала се изгубени мислејќи на користењето електронско војување од страна на Украина за пренасочување на руските беспилотни летала, додека еден ја напушти Украина во правец кон Романија.
⚡️ Air Defense Forces destroyed 33 out of 50 russian attack UAVs.
9 russian imitator drones were lost locally (without negative consequences), and another one left Ukrainian airspace in the direction of Romania.
Join the current fundraising for the Armed Forces of Ukraine:
💸… pic.twitter.com/c6ADw43TEt— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) January 17, 2025
„Непријателските напади со беспилотни летала погодија претпријатија во регионот на Одеса, а зградите на институции, приватни компании и домаќинства во регионите Харков, Черкаси и Киев беа оштетени како резултат на падот на соборените непријателски беспилотни летала“, соопшти војската на платформата „Телеграм“.
Тие додадоа дека под напад било и пристаниште во реонот на Дунав. Претставник на регионот Киев рече дека едно дете е повредено како резултат на паѓање остатоци од соборени цели за време на нападот.
Европа
(Видео) Институтот за проучување на војната: Борбите се брутални, сите Севернокорејци во Курск би можеле да бидат уништени за 3 месеци
Целиот севернокорејски контингент од околу 12.000 војници во моментов во рускиот регион Курск би можел да биде убиен или ранет до средината на април 2025 година доколку севернокорејските сили продолжат да претрпуваат големи загуби во тековните жестоки борби, објави американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на месецот рече дека 3.800 севернокорејски војници биле убиени или ранети во руската област Курск, која украинските елитни бригади ја нападнаа на почетокот на август минатата година и зазедоа околу 100 населени места.
North Korean infantry attacks Ukrainian positions in Kursk. This is yet another confirmation that it is not just “Ukrainian probelm.” When dictators joined to destroy a sovereign democratic country, it becomes the problem for the entire world. Because the next question is who is… pic.twitter.com/yUZ4zufo2e
— Roman Sheremeta 🇺🇦🇺🇸 (@rshereme) December 14, 2024
Оттогаш Русите започнаа контраофанзива и вратија околу половина од загубената територија. Сепак, се уште се водат жестоки битки, а рускиот Курск е едно од најактивните боишта во руско-украинската војна.
Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров на 5 ноември минатата година изјави дека севернокорејските сили биле вклучени во „мали“ судири во областа Курск, но руските воени блогери почнаа да известуваат на почетокот на декември дека севернокорејските сили учествуваат во позначајни борбени операции.
Севернокорејците претрпеле приближно 92 жртви дневно откако почнаа да се впуштаат во значителни борби на почетокот на декември минатата година, проценува Институтот за проучување на војната.
Се верува дека Северна Кореја преселила приближно 12.000 војници во регионот Курск, така што целиот севернокорејски контингент во регионот би можел да биде убиен или ранет за околу 12 недели, или околу средината на април 2025 година, под услов севернокорејските сили да продолжат да трпат слични загуби во продолжението на борбите, проценува Институтот.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред неколку дена објави дека 300 Севернокорејци досега се убиени во акција, а 2.700 се ранети во борбите во областа Курск.
Севернокорејските сили најверојатно ќе продолжат да страдаат од поголем сооднос на ранети спрема мртви во борбите, а моментално не е јасно дали и кога повредените севернокорејски војници ќе се вратат во борба, се вели во соопштението на Институтот.