Македонија
(Видео) Костадинов: Ние сме НАТО, ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за националните интереси
Нашата таковина, нашите граѓани, веќе ги живеат историските успеси. Ние сме НАТО. Во Брисел се одржа прв самит на НАТО на кој Северна Македонија учесуствуваше како полноправна и рамноправна земја членка, потсети на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Според него, членството во НАТО е реализација на стратешката и национална цел поставена уште од независноста.
„Додека премиерот Заев и нашата државна делегација работат за иднината на државата, за сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубија во деструктивноста. Откога им издишаа протестите и блокадите, цела нервоза ја истураат во нови опструкции и блокади. Таквата деструкција и немањето ориентација во простор и време ги доведе до степен отворено да работат против највисоките национални интереси“, вели Костадинов.
Пратеникот на владејачката партија вели дека ВМРО-ДПМНЕ е штетен фактор за македонските национални интереси и кога е власт и кога е опозиција.
„Одбивајќи да расчистат сами со режимот во самите себе, тие ѝ се одмаздуваат на сопствената татковина со неразумно и штетно дејствување, буквално во секој поглед.
Повеќе од јасно е дека оваа партија нема волја, ниту желба, уште помалку капацитет, да се издигне над мрачното наследство што им го остави Груевски. Тоа го покажаа и снимката и зборовите на Жугиќ. Сѐ додека раководството удобно безделничи и контрира на највисоките државни интереси, опкружено со велелепни лустери, црвени теписи и махагони, нема аир од нив ни кога странува збор за здравство, ни за образование, уште помалку во односите со сојузниците и меѓународната заедница“, додаде Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

