Македонија
Филипче ја прими грчката донација од 20.000 дози вакцини од „Астра зенека“
Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека денеска пристигнала донацијата од 20.000 дози вакцини на „Астра зенека“ од Грција.
„Денеска, од нашите пријатели од владата на Република Грција, ја примивме донацијата од 20.000 дози вакцини на ‘Астра зенека’. Оваа поддршка од грчката влада, амбасадорот на Република Грција, Русос Кундурос, и грчкиот народ се од голема важност за нас за што им изразувам благодарност. За време на примопредавањето нѐ поздрави и премиерот Зоран Заев, кој во тој момент се врати од Брисел“, наведува Филипче во објавата.
Солидарноста меѓу пријателските земји во време на ковид-пандемијата, истакнува министерот, покажува колку е важно сите да бидеме сплотени во процесот на имунизација бидејќи тоа е единствениот начин да издвојуваме победа против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Амар Мециновиќ: Сега сме веќе движење – вие кои ги знаете пораките и целите, пренесете им на вашите најблиски за заедно да славиме победа
„Сите вие кои ја следите и ја поддржувате оваа кампања, да почнете да агитирате помеѓу вашите најблиски. Многу луѓе не ја знаат уште приказната за ова нашe движење. Затоа, вие кои ги знаете пораките и целите на сè ова, разговарајте со вашите најблиски, со Вашите пријатели, родители, баби и дедовци, за да ја прошириме пораката и заедно да славиме победа“, ваков апел преку видео – порака упатува кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
„Имаме идеја како сите да ве инволвираме во кампањата. Ова е повик за колективна акција. Следниот петок пред предизборниот молк, го пешачиме Скопје, затоа што сега сме веќе движење и во овој дел од кампањата ќе бидете инволвирани сите вие“, повикува Мециновиќ.
Тој додава дека заедно со неговиот тим и со сите луѓе кои се приклучија кон ова движење, ги пренесуваат пораките, буквално, до секој скопјанец. Веруваат дека, конечно, под водство на Амар, ќе се случат промени за поквалитетен живот на сите генерации – скопјани со достоинствени услови за живот на секој жител на Град Скопје.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.

