Свет
Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија
Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи, Жозеп Борел.
„Ние истовремено мора да одбиеме, да се воздржиме и да соработуваме“, рече Борел за време на говорот во аналитичкиот центар на германскиот Маршалов фонд во Брисел.
Борел ја подготви таа стратегија за самитот на ЕУ во Брисел, што ќе се одржи на 24 и 25 јуни, а деталљно ќе биде претставена денеска на прес-конференција во Брисел пред почетокот на руско-американскиот самит во Женева.
За време на своето обраќање, тој не спомена дека пристапот што го предложи е практично копија на двојниот пристап кон Русија што НАТО го применува од 2014 година, а се состои од истовремена воздржаност и дијалог, пренесуваат руските агенции.
„Ние мора да ги отфрлиме обидите на Русија да се меша во нашите демократски процеси, да ги ограничиме нејзиното влијание и дезинформациите, истовремено продолжувајќи го дијалогот на теми од заеднички интерес. Примерите вклучуваат иранска нуклеарна програма, блискоисточен проблем и енергетска безбедност“, објасни Борел.
Заменик-шефот на Европската комисија, Маргаритис Схинас, вчера во Брисел изјави дека ЕК разговарала за предлозите на Борел. Откога тој ќе ги претстави пред пошироката јавност, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе ги разгледаат на 21 јуни и тие, конечно, треба да бидат одобрени од самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
РЕ-Дигитал
Нов систем со вештачка интелигенција од Хонг Конг предвидува бури и обилни дождови четири часа однапред
Тим научници од Хонг Конг разви систем за временска прогноза наречен DDMS кој користи технологија на вештачка интелигенција (ВИ) за да предвиди бури и обилни дождови до четири часа пред да се случат.
Системот ќе им помогне на владите и службите за итни случаи поефикасно да реагираат на зголемената фреквенција на екстремни временски настани поврзани со климатските промени, изјави денес тим од Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг (HKUST).
„Се надеваме дека ќе можеме да користиме вештачка интелигенција и сателитски податоци за да го подобриме нашето предвидување на екстремните временски услови, за да можеме подобро да се подготвиме“, рече Су Хуи, професор на Одделот за градежно и еколошко инженерство на универзитетот, кој го водеше проектот.
„Целта на системот е да предвидува обилни дождови“, рече Су на прес-конференција.
Развиен во соработка со метеоролошките власти на Кина, системот ги ажурира своите предвидувања на секои 15 минути и има зголемена точност за повеќе од 15 проценти, потврди тимот.
Нивната работа е клучна за Хонг Конг и Кина, кои се соочија со надпросечен број тајфуни и дождови во 2025 година.
Градот го издаде своето највисоко предупредување за врнежи од дожд пет пати минатата година, а второто највисоко предупредување 16 пати, што е невидено ниво, рекоа метеоролошките власти на Хонг Конг, кои работат со Кина за да го применат новиот модел во нивните прогнози.
фото/Depositphotos
Свет
Демант од Братислава: Фицо ја негира приказната за „опасниот“ Трамп
Словачкиот премиер Роберт Фицо решително ги негираше наводите на пробриселскиот весник „Политико“ дека наводно изразил загриженост за менталната состојба на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесуваат медиумите во регионот.
Фицо реагираше на својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека тврдењата на овој медиум се неточни и злонамерни.
„Морам решително да ги отфрлам лагите на „Политико“ за тоа како ја оценив мојата средба со Трамп во Брисел“, рече словачкиот премиер.
Тој нагласи дека за време на неформалниот самит на Европската унија, одржан минатата недела во Брисел, воопшто не зборувал за разговорите со американскиот претседател, ниту пак разговарал за оваа тема со ниту еден лидер на земјите-членки на ЕУ. Според него, тврдењата дека им пренел лични впечатоци за Трамп на своите европски колеги се целосно неосновани.
Фицо оцени дека „Политико“ се обидува да ги поткопа конструктивните односи на Словачка со другите земји и дека, како што изјави, овој медиум е меѓу оние кои борбата за националните интереси и изразувањето на сопствените ставови го сметаат за „злосторство“. Додаде дека, поради ваквите ставови, често е цел на критики од редакцијата на овој весник.
„Политико“ денес, повикувајќи се на неименувани европски дипломати, објави дека Фицо наводно изразил загриженост за психолошката состојба на американскиот претседател на маргините на самитот во Брисел. Според овие изјави, по личната средба со Трамп на 17 јануари во неговиот имот Мар-а-Лаго, словачкиот премиер го опишал однесувањето на американскиот лидер како „опасно“ и „надвор од разумот“.
Свет
Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“.
Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа мора да се прилагоди на новите реалности, а „НАТО мора да стане “поевропски“ за да ја одржи својата сила“.
„Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сфери на влијание и свет каде што моќта прави сè, е многу реален“, заклучи таа.

