Вести
Си: Судирот на САД и Кина би бил катастрофа
Конфронтацијата со САД би претставувала катастрофа, изјави во средата кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките од своето излагање на годишниот стратешки економски дијалог на Кина и САД кој годинава се одржува во Пекинг.
Конфронтацијата со САД би претставувала катастрофа, изјави во средата кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките од своето излагање на годишниот стратешки економски дијалог на Кина и САД кој годинава се одржува во Пекинг.
Се очекува на овој собир, на кој учествуваат и американскиот државен секретар Џон Кери и министерот за финансии Џејкоб Лју со заменикот на кинескиот премиер Цанг Јанг и министерот за финансии Јанг Џиечи, а темите на разговорите ќе бидат кинеската валута, Северна Кореја и тензиите во Јужнокинеското Море.
Државниот секретар Кери во својот воведен говор истакна дека САД не се обидуваат „да ја зауздаат“ Кина. Тој изјави дека ја поздравува Кина „која придонесува кон стабилноста и развојот на регионот и ја избира одговорната улога во меѓународните односи“.
Си, пак, изјави дека во интересите на двете земји „се меѓусебно поврзани сега повеќе од кога и да е“, како и дека позитивните ефекти од соработката можат да бидат големи.
„Кинеско-американската конфронтација дефинитивно би претставувала катастрофа за свете земји и за светот. Мораме заемно да се почитуваме и едни со други рамноправно да се третираме, и заемно да ги почитуваме суверенитетот и територијалниот интегритет, како и изборот на патот на развојот“, порача Си.
Во пресрет на американско-кинескиот дијалог, претседателот Барак Обама во своето соопштение истакна дека САД „го поздравуваат појавувањето на стабилна, мирна и успешна Кина“.
Меѓутоа, американските челници деновиве ја повикаа Кина да го направи „својот дел од работата“ во одржувањето на стабилноста во Азија.
За Вашингтон е проблематично е полагањето право на кинескиот суверенитет над речиси целото Јужнокинеско Море, за што Пекинг влезе во конфронтација со Виетнам, Филипини и Јапонија.
Шефот на американската дипломатија доаѓа во Пекинг во контекстот на неодамнешните тензии во регионот околу поставувањето на нафтената платформа во Јужнокинеското Море, во близина остров на кој исто така право полага и Виетнам, и тоа непосредно по посетата на оваа земја на американскиот претседател Барак Обама.
Двете соседни комунистички земји имаат долгогодишни територијални меѓусебни околу островските групи Парасел и Спратли, каде што се претпоставува дека морското дно е богато со нафта./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.