Свет
(Видео) Со огномет жителите на Њујорк го прославија укинувањето на мерките против коронавирусот

Со огномет и полни улици жителите на Њујорк го прославија укинувањето на мерките против коронавирусот. Во изјава за американските медиуми, некои од нив велат: „Можеме да се вратиме во нормален живот“.
Дека Њујорк ќе ги укине последните ограничувања воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, откако повеќе од 70 % од возрасната популација беше вакцинирана, најави и гувернерот Ендру Куомо.
„Ова е важна пресвртница и ќе се обидеме да сториме повеќе“, рече Куомо додавајќи дека државата Њујорк ќе продолжи да ги охрабрува луѓето да се вакцинираат,
Fireworks to mark the end of the COVID-19 restrictions in New York State and honor frontline workers are seen with the Statue of Liberty in New York City. https://t.co/BJqMW3nkHd
?: @vuralelibol pic.twitter.com/uut8ZjQgtx
— Anadolu Images (@anadoluimages) June 16, 2021
Гувернерот синоќа ги изненади жителите на Њујорк со ненајавен огномет по повод достигнувањето важен праг во процесот на имунизација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелците објавуваат нови бројки: 154 лица хоспитализирани од синоќа

Ажурирани бројки беа објавени од израелското Министерство за здравство, според кои 154 повредени лица се пренесени во израелските болници од синоќа.
Од нив, четири лица се во умерена состојба, 130 се во блага состојба, 15 се во фаза на процена, а за пет лица се вели дека примаат третман за анксиозност.
Според најновиот извештај од иранското Министерство за здравство, најмалку 224 лица се убиени, а повеќе од 1.200 се повредени во израелските воздушни напади од петокот.
Израел соопшти дека најмалку 24 лица се убиени во ирански напади во истиот период.
Свет
Јорданскиот крал: Срамна верзија на човештвото се одвива пред нашите очи

„Светот е во морален пад, како што најјасно се гледа во бруталната војна во Појасот Газа“, изјави денес јорданскиот крал Абдула Втори пред Европскиот парламент.
„Правилата се напуштаат, вистините се менуваат секој час, омразата и поделбите се шират, а умереноста и универзалните вредности се губат поради идеолошките крајности“, изјави кралот на земјата сместена меѓу завојуваните страни пред Европскиот парламент во Стразбур, а која на Блискиот Исток се смета за една од најдоверливите арапски сојузници на Западот.
Јордан е исто така важен партнер за ЕУ на глобално, регионално и на билатерално ниво, особено поради својата улога во одржувањето на стабилноста во регионот и застапувањето на меѓуверскиот дијалог на Блискиот Исток.
„Светот денес е во морален пад. Срамна верзија на човештвото се одвива пред нас во реално време“, изјави Абдула Втори пред пленарната седница на ЕП.
„Никаде ова не е појасно отколку во Газа“, продолжи јорданскиот крал. Тој потсети дека во 2023 година првите израелски напади врз болниците во палестинската енклава беа дочекани со меѓународна осуда и дека Светската здравствена организација оттогаш регистрирала уште 700 вакви напади.
„Како е можно она што се сметаше за злосторство пред само 20 месеци сега да е толку вообичаено што едвај се евидентира?“, праша кралот на земја што самата водеше вооружен конфликт против Палестинската ослободителна организација во минатиот век.
„Која верзија на нашата човечност дозволува незамисливото да стане рутина? Дозволува употреба на глад против децата како оружје? Ги нормализира нападите врз здравствените работници, новинарите и цивилите, кои бараат засолниште во бегалските кампови?“
Јорданскиот крал предупреди дека токму во хаотичните моменти во историјата треба да се потсетиме на универзалните вредности на човештвото. „Бидејќи кога светот го губи својот морален компас, ние го губиме и нашето заедничко чувство за правилно и погрешно, што е праведно и што е сурово. И кога тоа ќе се случи, конфликтот никогаш не е далеку“.
Абдула Втори нагласи дека ова не е само прашање на Газа, туку и борба за тоа „кои сме ние како глобална заедница и што ќе станеме“. „А сега, со проширувањето на офанзивата на Израел во Иран, не може да се каже каде ќе запрат границите на ова бојно поле. Тоа, пријатели мои, е закана за луѓето насекаде“, заклучи тој.
Свет
Шефицата на американската разузнавачка служба: Иран не гради нуклеарно оружје; Трамп: Не ме интересира што кажала

На летот при враќањето од самитот на Г7 во Канада американскиот претседател Доналд Трамп повторно инсистира дека Иран е многу блиску до изградба на нуклеарно оружје и покрај спротивните процени од американските разузнавачки агенции.
Според „Скај њуз“, ова е во спротивност со изјавата на Тулси Габард, која Трамп ја назначи за свој врвен советник за разузнавање за својот втор мандат. Габард му рече на Конгресот во март дека американските агенции веруваат оти Иран не гради нуклеарно оружје и дека врховниот лидер на земјата не ја одобрил нуклеарната програма што ја суспендирал во 2003 година.
Кога новинарите денес го прашаа за оваа контрадикција, Трамп ги отфрли изјавите на Габард: „Не ме интересира што рекла таа (Тулси Габард)“, рече Трамп. „Мислам дека беа многу блиску до тоа да го добијат“.
„Ројтерс“ објави дека американските претставници изразиле загриженост за активностите на Иран за нуклеарните постројки, иако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не пронашла докази за обновена воена нуклеарна програма.
„Си-би-ес њуз“ истакнува дека европските лидери на самитот на Г7 повикаа на дипломатија и континуирано следење на нуклеарната програма на Иран, а Трамп остана цврст. Во извештајот се наведува и дека врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, повторно ја отфрлил можноста за изградба на нуклеарно оружје,тврдејќи дека тоа е спротивно на иранските религиозни принципи.
Со оглед на растечките тензии, американската администрација ги интензивира консултациите со европските партнери, а „Ројтерс“ објави дека се очекува нова рунда разговори со цел да се спречат понатамошна ескалација и можен воен конфликт.