Економија
(Видео) Лефков: Поради Заев, на секое полнење резервоар од 60 литри плаќате 840 денари повеќе
Зоран Заев и СДСМ наметнаа 14 денари давачки кон буџетот за секој литар гориво. Поради Зоран Заев и СДСМ, горивата во Македонија се поскапи 14 денари, пари кои одат директно во буџетот на име новововедени акцизи, давачки и такси, тоа е покачување што не е последица на зголемување на светската цена на горивата, туку е последица на алчноста на Зоран Заев, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.
„Заев првин го испразни буџетот, потроши речиси 15 милијарди евра за 4 години и направи нов долг од 2,4 милијарди евра. Македонија е позадолжена од кога било и сега кога буџетот е празен, удира по џебот на народот, за тој да ја покрие дупката во приходите, која настана поради тендерите што ги даваа на блиски луѓе и поткупот што го правеа пред избори.
Поради Зоран Заев, на секое полнење на резервоарот на автомобилот од 60 литри плаќате дополнителни 840 денари. Овие 840 денари повеќе ги плаќате само поради неспособноста на Заев.
Доколку во месецот ставате гориво двапати, вие плаќате 1.680 денари повеќе, и тоа само поради Зоран Заев. Тоа на годишно ниво се 20.160 денари или, едноставно кажано, за една година Заев ви зема 20.160 денари, односно една цела месечна плата“, изјави Лефков.
Тој додаде дека дополнително ова покачување на цената ќе влијае и на цените на сите производи во малопродажбата. Како што вели, постои реална опасност од ценовен шок и зголемување на цените на сите производи.
„Од овде апелираме власта да се откаже од најновото покачување од 4,13 денари и, наместо со даноци, да почне да крати од непродуктивните трошоци, големите тендери и да скрати од поткупот што го прави за избори“, рече Лефков.
Според него, народот не смее да страда поради нечија амбиција за пари и богатење на нелегален начин.
„Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, порача тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

