Македонија
(Видео) Заев и Јанев: И средбата е исчекор, има прозорец на можности за отворен и искрен дијалог
По билатералната средба на македонскиот и бугарскиот премиер, Зоран Заев и Стефан Јанев, се одржа заедничка прес-конференција на која премиерот Заев изрази задоволство од укажаната можност да се сретне со својот колега Јанев, со што е создадена извонредна можност да се разговара за билатералните прашања од интерес на двете земји.
„Заедно треба да го најдеме решението. Ние сме одговорни политичари и се договоривме дека нашите разговори треба да се фокусираат на суштината на можните решенија и дека до таа цел ќе стигнеме преку патоказот, преку секторската соработка што ја организираат и спроведуваат работните тела преку министерствата за надворешни работи на двете земји“, истакна премиерот Заев.
Заев дополни дека во текот на разговорите денеска бил заеднички консултиран и предлогот на португалското претседателство со ЕУ.
„И самата средба денеска е исчекор кон изнаоѓање решение, кој е насочен да биде од интерес на двете страни. Само така ќе имаме поддршка од граѓаните на двете земји. Апелирам до братскиот народ во Бугарија преку своите лидери да продолжат со поддршката за Република Северна Македонија на патот кон нејзиното членство во ЕУ затоа што нашата земја нема друга алтернатива. Најважно од сѐ е што веруваме во европските вредности“, рече Заев.
Премиерот Јанев на прес-конференцијата истакна дека Република Бугарија ја поддржува Република Северна Македонија на патот кон европското семејство и дека во овој момент има прозорец на можности за отворен и искрен дијалог, кој во наредните денови треба да донесе заемно прифатливи решенија со кои ќе се овозможи да биде продолжена европската перспектива на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пратениците на СДСМ утре ќе поднесат предлог за надзорна расправа и Анкетна комисија за Кочани
Пратениците на СДСМ и Коалицијата утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“ објави претседателот на СДСМ, Венко Филипче повикувајќи ги сите пратеници да ги поддржат.
„Пратениците на СДСМ и Коалицијата ги поддржуваат барањата на семејствата на загинатите и повредените во Кочани и утре ќе поднесат предлог до Собранието за надзорна расправа и формирање посебна Анкетна комисија за целосно и независно испитување на трагедијата во „Пулс“, за утврдување на вистината и одговори на сите прашања.
На денешната координација на пратеничката група на СДСМ и раководството на партијата оценивме дека ова се неопходни чекори за проверка на постапувањето на сите институции, утврдување на политичка одговорност, како и подготовка на понатамошни мерки и решенија за вакви трагедии никогаш повеќе да не се случат во Македонија.
Ги повикувам сите пратеници од сите политички партии да ги поддржат овие иницијативи во македонското Собрание.“ стои во објавата.
Македонија
Минчев во Рим: усвоена новата декларација за реформи на јавната администрација во Западен Балкан
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 17. седница на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, која се одржа во рамките на конференцијата „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“ во Рим, Италија.
На седницата беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.
Изгласана беше и Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка.
Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата заврши со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA беше свечено од министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, на министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди.
Македонија
Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер
Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека во скопскиот регион дува силен јужен ветер, кој создава проблеми за безбедно слетување:
„Поради силен јужен ветер, кој го зафати скопскиот регион, два авиони се пренасочени за слетување кон приштинскиот аеродром, додека други два сè уште кружат и чекаат насоки за слетување“, рече Ангелов.
Според информациите, ветерот дува на поголема височина, што дополнително ги отежнува процедурите за приод и слетување на скопскиот аеродром.

