Регион
(Видео) Инцидент пред манастирот во Цетиње, интервенираше полицијата

Група граѓани повторно се обидоа да предизвикаат инцидент пред вратите на манастирот Цетиње, информираат медиумите од регионот.
Во нивните извештаи е наведено дека станува збор за група граѓани на Цетиње, противници на СПЦ на Митрополијата Црна Гора-Приморје, кои не ја пропуштаат можноста да протестираат пред манастирот Цетиње, овој пат поради работите на „влажниот јазол“ во тој објект, кој не е реновиран цели 40 години.
Некои од локалните гласила повикувајќи се на своите сознанија, тврдат дека работите се изведуваат без дозвола.
Протестот кој се одвивал мирно ескалирал кога монасите се обиделе да ја затворат манастирската порта на што реагирала собраната толпа граѓани.
Погледајте само тај безобразлук испред манастира pic.twitter.com/C666gNCIwL
— nesmiritus_hiperactivus (@hiperactivus) June 17, 2021
Управата на манастирот испрати известување поради настанатата ситуација.
„Како што и е познато на јавноста, во 80-тите години на минатиот век, во соработка со Музеите на Цетиње и тогашната република и општинска администрација, манастирот беше реконструиран, во рамките на кој беше основан црковен музеј од голем дел од неговиот ентериер за презентација на богатото црковно културно-историско наследство пред сите посетители на нашиот град. Како што на сите им е јасно кој е разумен, за да примат поголем број посетители на манастирот Цетиње и на Ризницата, беше потребно да се направат соодветни влажни јазли, што беше направено тогаш, пред околу четириесет години. Тој простор и денес служи за истите цели. Во последните неколку недели, плочките и внатрешната водоводна и канализациона инфраструктура на таа област се заменети, што се истрошија по децениско користење и не служат за својата намена “, се вели во соопштението.
Граѓаните пак побарале да бидат прекинати работите се додека надлежните институции не се изјаснат дали воопшто можат да се изведуваат овие работи и додека не се објави дали има дозвола.
Интервенираше и комуналната полиција, пренесуваат медиумите.
Сепак, инспекцијата му наредила на манастирот да добие дозвола за поправка на влажниот јазол и да ги извести за тоа во рок од три дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Регион
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.
Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи, Георги Георгиев“, објави „Бгнес“.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.
Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.
„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.
Жељазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и договорот за добрососедство, според написите во медиумот.