Спорт
Рубљов е единствениот носител во полуфиналето во Хале

Андреј Рубљов влезе во полуфиналето на подготвителниот турнир за Вимблдон во Хале, Германија, победувајќи го домашниот фаворит и шампион од 2011, Филип Колшрајбер со 7:6(4)/6:2.
23-годишниот Рубљов е единствен носител на турнирот на трева по поразите на Роџер Федерер и Данил Медведев, и ова е фантастично шесто полуфинале во 2021 за Русинот.
„Првпат сум во полуфиналето, но не беше лесно. Мислам дека во вториот сет тој падна ментално и го искористив тоа“, вели Рубљов.
Во полуфиналето тој ќе игра со Грузиецот Николоз Басилашвили, кој со 6:4/7:6(5) го победи Јужноафриканецот Лојд Херис. Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим по победата над Роџер Федерер, стигна и до полуфиналето со 6:3/6:2 победа над Американецот Маркос Џирон и во второто полуфинале ќе игра со Французинот Иго Умбер, кој во најтесниот меч со 6:2/6:7(5)/6:4 го совлада Американецот Себастијан Корда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вардар ја продолжи серијата без пораз, во Чаир го победи Шкупи

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи.
Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. минута.
Вардар сега се наоѓа на шестото место на табелата со 38 бода и веројатно до крајот на сезоната ќе успее да го мине Гостивар кој сега е петти.
Спорт
Динамо победи во Сплит, по седум месеци повторно е лидер во Хрватска

Динамо го победи Хајдук во Сплит во најголемото хрватско дерби со 1:3 и со тоа го презеде врвот на табелата.
Динамо поведе во 51-та минута со голот на Ронаел Пјер-Габриел, но само пет минути подоцна Марко Ливаја израмни. Сандро Куленовиќ постигна гол со глава во 64-та минута по асистенција на Марко Пјаца, додека Петар Сучиќ ја потврди победата во 102-та
минута.
Со оваа победа, Динамо го зголемија своето бодовно салдо на 58 и ги прескокнаа Хајдук и Риека, кои имаат по 56 . Риека има натпревар помалку, па може да го врати првото место со евентуална победа против Горица во недела.
За Динамо целиот натпревар го одигра Стефан Ристовски, додека Александар Трајковски во дресот на Хајдук настапи од 83-та минута.
Спорт
(Видео) Лајпциг ја одложи шампионската прослава на Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен уште една недела ќе почекаат на прославата на шампионската титула. Во 32.коло, Баварците во Лајпциг одиграа 3:3.
Фудбалерите на Баерн неколку секунди ги делаа од победата со која и математички ќе ја освоеја титулата, но во 95.минута Пуолсен постигна гол за 3.3.
Лајпциг водеше со 2:0 со головите на Шешко во 11-та и Клостерман во 39-та минута.
Сепак, во вотриот дел, играчите на Баерн играа шампионски, успеаја да направат целосен пресврт.
Прво, Ерик Даер постигна гол по корнер во 62-та минута, а во следниот напад, Мајкл Олисе погоди за 2:2.
Пресвртот го донесе Лирој Сане со прекрасен гол во 83-та минута.